Кои се четирите најпромискуитетни хороскопски знаци?

На кои знаци им е најтешко да ги зауздаат своите сексуални желби?

koi-se-chetirite-najpromiskuitetni-horoskopski-znaci-kafepauza.mk

Близнаци

Близнаците сакаат да имаат опции за сè во животот, па така си чуваат во резерва и партнер со кого ќе ги задоволат своите сексуални желби кога за тоа ќе им се јави потреба. Тие нема да се двоумат ниту да растурат нечија врска само за да стигнат до тоа. Постојано се во потрага по нешто ново за забава и постојано бараат нови начини да се задоволат себеси и своите партнери.

Стрелец

Се чини дека либидото на Стрелецот никогаш не е задоволено. Тоа е најдивиот знак во зодијакот и секогаш сака да е слободен. Сака да проба од сè по нешто, а потоа веднаш да се префрли на нешто друго. Не се плашат да си ги испробаат шансите кај кого било. Сакаат да имаат по неколку опции за моментите кога ќе треба да изберат со кого сакаат да одат в кревет.

Риби

Рибите сакаат да прават мали сексуални излети, но нивната промискуитетност не произлегува од тоа. Тие сонуваат за совршениот партнер и затоа испробуваат многу партнери пред да се скрасат со вистинскиот.

Скорпија

Скорпијата е знакот кој е синоним за секс. Тие се опседнати со сексот. Многу ги интригира и обидувајќи се да дознаат што повеќе за него, тие ќе сменат многу партнери.

Прочитајте и:


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар