Зошто треба да почнете да смрзнувате лимони?

Една нова студија докажала дека лимуноидите, природните состојки во лимонот и другите агруми, се одлични за превенција или борба против развивање клетки на рак, особено на ракот на дојки. Научниците нагласуваат дека ниту еден дел од лимонот не треба да се фрла – од сокот, до семките и кората, бидејќи само кората содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од самиот сок.

Покрај антиканцерогеното делување, целиот лимон помага и при ослободување на телото од токсини, има антимикробно дејство против бактериски и габични инфекции, се бори против внатрешните паразити и црви, го регулира крвниот притисок, делува како антидепресив и е одличен во борбата против стресот.

Покрај очигледните здравствени причини, вие можете да уживате во лимонот на сосема нов начин. Сè што треба да направите е да земете органски лимон, добро да го измиете, да го ставите во замрзнувач (цел или исечкан на кругови) и да почекате да замрзне. Потоа извадете го од замрзнувачот и изрендајте го.

На овој начин можете да го послужите во салата, на сладолед, во супа, со житарки, на вашиот омилен пијалак… Не само што ќе имате можност да вкусите нешто сосема ново, туку и вашето тело ќе ви биде благодарно бидејќи ќе се наполни со здравје!

Лимонада со лаванда: Летно освежување што има моќ да ја смири секоја главоболка!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар