Зошто сокот од целер стана еден од најомилените пијалаци на жените?

Редовните тренинзи и здравата исхрана се комбинација што ќе му даде на вашето тело доволно енергија за секојдневниот живот и ќе му помогне успешно да се изборите со вишокот килограми. За успешно да ги изгубите несаканите килограми, мора да го забрзате вашиот метаболизам, а тоа не само што ќе ви помогне физички да се чувствувате подобро, туку исто така ќе почувствувате и психолошки придобивки, меѓу кои и удобноста во својата кожа. Па, каква улога игра сокот од целер во целата оваа ситуација?

Сокот од целер станал популарен пијалак преку ноќ за постигнувањето на овие цели, и причината е тоа што тој го забрзува вашиот метаболизам на природен начин. Целерот е многу здрав, полн е со витамините А, Ц, Б и Е па затоа и претставува природен чистач на организмот со неверојатно диуретско дејство. Покрај тоа, тој е одличен сојузник во борбата против бактериските инфекции.

Хранливите влакна и водата, кои се составен дел од сокот од целер, поттикнуваат исфрлање на токсините од телото и исфрлување на течноста, притоа чистејќи го организмот и ослободувајќи го од штетните материи.

За да го подготвите овој сок, најпрво одвојте ги листовите целер, а коренот исечкајте го на неколку парчиња. Парчињата ставете ги во блендер и додајте малку вода. Ако не можете да се навикнете на чист сок од целер, секогаш можете да додадете малку лимон, ѓумбир, краставица, па дури и лажичка мед за вкус.

Се препорачува да го пиете овој сок секое утре и потоа уште неколку пати во текот на денот. Не заборавајте и постојано да имате шишенце сок од целер во близина, за да можете да се напиете секојпат кога ќе се почувствувате како да ви опаѓа нивото на енергија.

Прочитајте ги и овие 7 причини зошто целерот е неверојатно здрав за вас.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар