Зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа?

Зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа?

Луѓето често ја обвинуваат сезоната на празници за зголемувањето на телесната тежина во зима и тие имаат оправдана причина за тоа – забавите и прославите се дежурен виновник. Но, според повеќе истражувања, овој проблем не настанува само поради прејадувањето на новогодишните забави. Поради недостатокот на сончева светлина и човечкиот механизам за преживување, зголемувањето на телесната тежина не само што е нормално, туку е и тешко да се избегне. Во продолжение прочитајте поради кои причини се зголемува вашата телесна тежина во текот на зимата.

1. Вашиот метаболизам се зајакнува

Зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа?

Во зима, метаболизмот забележително се подобрува: телото се обидува да потроши повеќе енергија за да ја стабилизира својата температура и да остане топло. Тоа значи дека ви треба повеќе храна за тоа дополнително трошење енергија. Се разбира, чувствувате потреба да јадете повеќе за да ја достигнете вашата нова стапка на метаболизам.

Решение: Останете на топло и пријатно место за да ги минимизирате ресурсите што вашето тело ги троши на загревање, за да не ви треба дополнителна храна. За среќа, денес не е толку тешко да ја контролирате температурата во просторијата каде што престојувате.

2. Клетките складираат повеќе мрснотии

Зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа?

Едно истражување откри дека масните клетки реагираат позитивно на сончевата светлина. Клетките кои се најблиску до кожата, кога се изложени на сонце, стануваат сè помали и со тоа складираат помалку мрснотии. Од друга страна, недостатокот на сончева светлина може да ја зголеми способноста на клетките да складираат мрснотии, што придонесува за зголемување на телесната тежина.

Решение: Бидете што повеќе изложени на сонце. Разбудете се порано за да имате поголема можност да го фатите изгрејсонцето и да поминувате повеќе време на отворено. Искористете колку што е можно повеќе сончева светлина од денот.

3. Организмот се подготвува за „хибернација“

Зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа?

Луѓето се повеќе слични на мечките отколку што мислиме затоа што се обидуваме да спиеме за време на постудените месеци. Науката сугерира дека кога е ладно, се активираат нашите примитивни инстинкти и ние несвесно се обидуваме да складираме калории, исто како и мечките кои се подготвуваат за хибернација. Некаде длабоко во нас сè уште живее стравот дека нема да можеме да ги најдеме потребните хранливи материи кога храната станува оскудна во зима.

Решение: Опуштете се. Не можете да направите ништо во врска со тоа. Завиткајте се во ќебиња додека ја гледате омилената серија и пиете топло чоколадо и замислете дека сте мечка – единствената разлика е во тоа што останувате будни половина од времето.

4. Се обидувате да се стоплите преку храната

Зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа?

Студот може да предизвика некои промени во однесувањето што поттикнуваат складирање мрснотии. Поточно, јадењето е начин да се подигне телесната температура и затоа кога ќе биде ладно, веројатно ќе посегнете по храна. Кога вашиот организам ја вари храната, тој создава топлина природно, па затоа копнеете по уште повеќе храна за да ви помогне да се загреете.

Решение: Јадете храна што се вари подолго, како намирници богати со здрави масти, протеини и јаглехидрати бидејќи тие ќе ве загреваат подолго. Посебно се споменува бананата, која е преполна со витамин Б и магнезиум, што им помага на тироидната жлезда и на надбубрежните жлезди да ја регулираат телесната температура.

5. Станувате поспани

Зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа?

Недостатокот на сончева светлина што го доживувате кога деновите се пократки во зима влијае на вашите хормони. Епифизата реагира на недостаток на сончева светлина така што произведува повеќе мелатонин, одговорен за вашиот циклус на спиење и будење. Тоа значи дека ќе се чувствувате поспани, а високо ниво на мелатонин може да го зголеми вашиот апетит. Во суштина, јадете повеќе, а се движите помалку во текот на студените месеци.

Решение: Обидете се да го контролирате производството на мелатонин со јадење храна што го содржи овој хормон и со изложување на сончева светлина. Доматите, маслинките, житарките и непреработеното млеко содржат значителни количини мелатонин. Исто така, зрната кафе имаат значителна концентрација мелатонин. Сите овие намирници се богати со витамини и минерали, па не само што го балансираат нивото на мелатонин, туку и го подобруваат вашето здравје.

6. Вежбате помалку

Зошто се здебелувате во зима и што да направите за да го спречите тоа?

Студеното време и пократките денови ве спречуваат да излезете надвор и да ги правите вообичаените активности. Тоа значи дека зимскиот начин на живот, без притисокот да вежбате за да имате убаво тело за на плажа и поминувањето повеќе време во затворен простор навистина може да придонесат за зголемување на телесната тежина.

Решение: Почнете да вежбате дома. Обидете се да го избегнете седечкиот начин на живот бидејќи тој ќе трае околу 3 месеци, па не сакате да седите цело време. Исто така, додајте 20-30 минути пешачење во вашиот дневен распоред и пронајдете друштво за да бидете одговорни. Зимските спортови како скијање и уметничко лизгање не се само корисни, туку се и исклучително забавни.

Прочитајте што може да се случи со вашето тело ако престанете да јадете мрснотии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар