Зошто се чувствувате осамено во врската и што да направите за да го промените тоа?

Зошто се чувствувате осамено во врската и што да направите за да го промените тоа?

Да имате партнер не значи дека никогаш нема да се чувствувате осамено. Всушност, постои голема веројатност да се чувствувате осамено дури и во среќна врска. Луѓето доживуваат чувство на осаменост во својата врска затоа што не се чувствуваат поврзано со партнерот, но и поради недостатокот на интимни моменти, без разлика дали станува збор за кратка прегратка, за утрински бакнеж или за состанок во одреден ден од неделата. Во продолжение, ќе откриете кои се причините што предизвикуваат да се чувствувате осамено во вашата врска и што да направите за да го промените тоа.

Зошто се чувствувате осамено во врската и што да направите за да го промените тоа?

1. Не разговарате за комуникацијата во вашата врска

Комуникацијата е клучна за среќна врска, но дали можете да процените на каков начин комуницирате еден со друг? Ако се чувствувате осамено во вашата врска, треба да комуницирате повеќе.

Многу е важно да разговарате за недостатокот на комуникација, за тоа како се чувствувате, дали вашиот партнер се чувствува исто како вас и што треба да направите за да се чувствувате повеќе поврзани. Разговарајте на оваа тема во моменти кога нема да се чувствувате осамено, во спротивно ќе изгледа како да го напаѓате партнерот.

2. Приоритет ви е забавата, а не поврзувањето со партнерот

Ако сакате вашата врска да опстане, постојано треба да пробувате нови работи. Но, вашата желба за забавување не треба да доминира над емотивната поврзаност. Ако имате многу забавни спомени заедно, обидете се да одвоите неколку моменти само за вас, да лежите во креветот, да разговарате и да бидете ранливи.

Почнете да разговарате отворено за некои работи што ве загрижуваат, а тоа неизбежно ќе доведе до поголемо чувство на поврзаност со вашиот партнер. На тој начин, партнерот ќе ве запознае подобро и најверојатно и тој ќе се отвори многу повеќе.

3. Не се грижите за себе

Ако се чувствувате осамено во вашата врска, тоа не значи дека осаменоста е поврзана само со вашата врска. Осаменоста можа да биде резултат и на недоволната грижа за себе.

Проверете дали имате симптоми на депресија. Ако размислувате за вашите минати врски и сфаќате дека чувството на осаменост е честа појава во сите врски што сте ги имале, можеби е подобро да посетите терапевт.

4. Чувате тајна или избегнувате одредена тема

Ако криете нешто од вашиот партнер или избегнувате да разговарате за одредена тема, тоа може да предизвика оддалечување. Некои личности може да се чувствуваат осамено затоа што избегнувале одредена тема (на пример финансии), а тоа може да доведе до избегнување и на други поврзани теми.

Ако треба да разговарате за некоја непријатна тема, да знаете од каде да започнете може да биде навистина голем предизвик. Па, едноставно започнете гласно да зборувате за тоа што размислувате и одвојте време за да разговарате со партнерот за темите што сте ги избегнувале.

Ако не се чувствувате слободно и немате самодоверба да го направите тоа, можеби е време да размислите дали сакате да останете во таква врска.

Ако се чувствувате осамено во врската, најважното нешто што треба да го направите е да работите на емоционалната поврзаност. Можеби ќе сфатите дека сте во погрешна врска, но можеби подобрувањето на комуникација ќе ја направи врската уште посилна.

Прочитајте колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар