Колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска?

По раскинување, можеби ќе чувствувате дека никогаш веќе не сакате да верувате на друга личност. Дури и кога врската не е функционална, речиси и да не постои безболно раскинување. Наместо да се фокусирате на раскинувањето, фокусирајте се на настаните што се случиле за време на врската и откријте во каква личност сте се претвориле додека бевте со партнерот. Ако успеете да го направите тоа, веројатноста да паднете во депресија е многу помала. Ако по раскинувањето сакате да влезете во нова врска, поставете си ги овие 7 прашања за да откриете дали сте подготвени за тоа.

Колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска?

1. Дали се чувствувате подготвено да одите на состанок со друга личност?

Кога ќе имате можност да одите на состанок со некоја личност, многу е важно дали вие се чувствувате подготвено за тоа. Ако не сте подготвени, во никој случај не е добро да го направите тоа поради притисокот што ви го прават пријателите или само за да им докажете дека сте ја преболиле старата љубов.

2. Како се чувствува вашето тело кога размислувате да кажете „да“ на излегување со нова личност?

Ако сте нервозни или возбудени затоа што ќе излегувате со нова личност, тоа може да биде добар знак. Пеперутките во стомакот сугерираат дека таа личност можеби ќе ви се допадне, но ако при помислата да излезете со некого чувствувате одбивност, најверојатно не е време за нова врска.

3. Дали чувствувате потреба да ја споредувате новата личност со поранешниот партнер?

Ако вашиот поранешен партнер бил лоша личност и ужасно се однесувал кон вас, тогаш во ред е да се трудите да ги процените карактерот и однесувањето на новите потенцијални партнери. Но, и ако покрај сите лоши работи што сте ги преживеале со поранешниот партнер, размислувате дека новиот потенцијален партнер не е толку добар, паметен, интересен или интелигентен како вашиот поранешен партнер, тогаш сè уште сте заглавени во минатото и можеби ви треба време за повторно да верувате во среќен крај со квалитетен партнер.

4. Дали сте во состојба објективно да ја анализирате претходната врска и да преземете одговорност за вашите постапки што придонеле за раскинување?

Ако сè уште не сте во состојба да видите што беше причината за крајот на претходната врска, не сте во состојба да започнете нова врска. Треба да бидете свесни кој сте вие и како придонесувате во врската, па тогаш ќе бидете подготвени да продолжите понатаму.

5. Дали сте во нова врска затоа што ви се допаѓа партнерот или само за да го направите поранешниот партнер љубоморен?

Ако сакате да влезете во нова врска за да го направите поранешниот партнер љубоморен, дефинитивно не е време за нова врска. На овој начин оставате погрешен впечаток, а уште полошо е што го искористувате новиот партнер само за да го направите поранешниот партнер љубоморен.

6. Дали излегувате со некого само за да ја пополните празнината што настанала по раскинувањето?

Празнината што ја чувствувате по раскинувањето е болна, но треба да научите како да ја пополните сами, без да се обидувате да најдете некој друг да го направи тоа. Да поминувате повеќе време со вашите пријатели е еден од начините како да ја пополните празнината, но сепак, мора сами да го надминете тој период и да созреете.

7. Дали излегувате затоа што ви треба потврда од некого дека сè уште сте привлечни, секси и посакувани?

Ако го правите тоа само затоа што ви треба потврда од другите, тогаш време е малку да поработите на себе. Додека бевте во врска, можеби сте го изгубиле чувството кој сте вие самите како личност додека сте без партнерот. Сè додека не можете сами да ја процените вашата внатрешна вредност, погрешно е да барате од другите да го направат тоа.

Прочитајте колку долго трае болката по раскинувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар