Според едно ново истражување марихуаната ја менува структурата на срцето

Истражувачите откриле ново сознание дека канабисот буквално може да го промени срцето на корисникот. Тие, исто така, откриле дека канабисот ја нарушува способноста на овој витален орган нормално да функционира.

Според едно ново истражување марихуаната ја менува структурата на срцето

Неодамна тим научници објавиле истражување во списанието „ JACC Cardiovascular Imaging“ во кое тие ја објаснуваат нивната анализа по скенирање на срцата на 3.407 лица без срцеви заболувања. Овие анализи биле собрани како дел од студијата направена за Biobank во Велика Британија.

Од луѓето вклучени во истражувањето, 47 биле редовни корисници на марихуана, што значи дека ја користеле оваа супстанца на дневна или неделна основа во последните пет години. Другите 105 луѓе користеле канабис редовно пет или повеќе години претходно, додека останатите ретко или никогаш не користеле марихуана.

Тимот пронашол поврзаност помеѓу редовната тековна употреба на марихуаната и проширувањето на лева комора на срцето. Тие, кај тековните корисници откриле и рани знаци на нарушена срцева функција, што ги утврдиле преку мерење на деформација на срцевите мускулни влакна за време на нивните контракции.

Тие веруваат дека ова е прва студија која се занимава со систематски известување за промените во структурата на срцето и неговото функционирање поврзувајќи ги наодите со рекреативната употреба на канабис. Мерењата ги направиле употребувајќи срцев MRI, што е многу чувствителна алатка за следење на моменталниот референтен стандард за проценка на срцевите комори.

Тимот забележал дека површината на левата комора е непроменета кај сите три групи, како и количината на крв што ја испушта комората при секое отчукување на срцето. Исто така, научниците забележале дека студијата има неколку ограничувања, вклучително и фактот дека 96 % од учесниците биле од бела раса.

Сепак, тие веруваат дека наодите што ги откриле се многу значајни, но ќе треба да се спроведат и нови истражувања, со оглед на трендот за легализација на марихуаната во многу земји.

Од тие причини, тие велат дека е потребно итно систематско истражување со кое ќе ги идентификуваат долгорочните импликации врз срцето при редовното консумирање канабис.  Ова ќе им овозможи на здравствените работници и креаторите на политиките да ги ревидираат советите упатени кон пациентите и пошироката јавност.

Можеби сакате да прочитате и декa мажите кои не можат да направат 10 склекови се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар