Зошто отфрлањето не ги допира силните жени? Ова може да го одреди текот на вашата судбина

Зошто отфрлањето не ги допира силните жени? Ова може да го одреди текот на вашата судбина

Ментално силните жени секогаш ќе се прашуваат што научиле од ситуацијата низ која поминале. Наместо да ја толерираат болката, тие ја претвораат во можност за личен развој. И така, со секое отфрлање, тие стануваат посилни и подобри.

Зошто отфрлањето не ги допира силните жени? Ова може да го одреди текот на вашата судбина

Без разлика дали сте отфрлени од некоја личност која ви се допаѓа, или сите освен вас се поканети на забава, или пак, не сте унапредени на работното место, отфрлањето боли.

Но, дали некогаш сте забележале дека некои луѓе едноставно немаат сила да продолжат понатаму по ваквата ситуација, додека други отфрлањето ги прави похрабри?

Сите го имаат почувствувано горкото чувство на отфрлањето, но ментално силните жени го користат тоа за да станат уште посилни и подобри. Всушност, начинот на кој вие ќе изберете да реагирате по отфрлањето може да го одреди целосниот тек на вашата иднина.

Психички силните жени ги одбираат следниве пет начини за да го надминат отфрлањето:

1. Тие не ги негираат своите емоции

Наместо да ја потиснат, игнорираат или негираат болката, ментално силните жени ги признаваат своите емоции.

Тие ја прифаќаат непријатноста, кога се тажни, разочарани или обесхрабрени, затоа што имаат доверба во нивната способност да се справат со дадените емоции веднаш штом ќе го почувствуваат тоа, што е неопходно за справување со отфрлањето на здрав начин.

Најдобар начин да се соочите и да се справите со негативните емоции е директно да им се спротивставите.

2. Тие сметаат дека отфрлањето ги тестира нивните граници на издржливост

Ментално силните жени знаат дека отфрлањето е еден вид доказ дека тие го живеат животот во потполност.

Тие се свесни дека понекогаш ќе бидат одбиени, но не се плашат од тоа, дури и кога знаат дека тоа всушност ќе се случи.

3. Тие кон себе се однесуваат со доза на сочувство

Ментално силните жени, по одбивањето, се однесуваат со доза на сочувство и не се премногу груби кон себе.

Тие разбираат дека тоа што им се случило е чекор назад, но исто така, се свесни дека ништо не е толку трагично за кон себе да си упатуваат лоши зборови.

4. Тие одбиваат да бидат дефинирани со отфрлање

Психолошки силните жени не прават далекусежни генерализации. Ако, на пример, некоја компанија одбива да ги вработи, тие не сметаат дека не е крај на светот и дека поради тоа никој друг нема да ги вработи.

Доколку се одбиени од личноста што ја сакаат, тие не мислат дека секој иден можен партнер ќе ги отфрли потоа. Тие едноставно не дозволуваат тоа да ги дефинира.

5. Учат од ваквото искуство

Ментално силните жени секогаш ќе се прашуваат што научиле од ситуацијата низ која поминале.

Наместо да ја толерираат болка, тие ја претвораат во можност за личен развој.

И така, со секое отфрлање, тие стануваат посилни и подобри.

Можеби сакате да прочитате и кои реченици жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар