Зошто луѓето на влезната врата од својот дом поставуваат ќеса со вода?

Дали имате видено ќеса со вода поставена на влезната врата од нечија куќа? Веројатно многумина би помислиле дека се работи за некаков трик за блокирање на негативна енергија, но сепак нешто друго е во прашање.

Зошто луѓето на влезната врата од својот дом поставуваат ќеса со вода?

Всушност, овој евтин е многу едноставен трик служи за одбивање на мувите.

Во ќесичката се става мешавина од вода и ситни парички, а можете да ја закачите каде било – дури и на некое дрво во близина на местото каде што правите пикник.

Потребно ви е:
  • Обична ќеса
  • Малку сок од лимон
  • Неколку монети
  • Вода
  • Повеќе сол

Ставете сѐ во ќесичката и таа е спремна да ја закачите пред вашиот дом.

Се прашувате како функционира ова? Па, бидејќи мувите имаат слаби визуелни рецептори, оваа ќесичка ќе им го наруши видот и поради тоа тие ќе ја избегнуваат таа област. За да биде ефектот подобар, монетите треба да бидат што посјајни, а лимонот и солта ќе овозможат тие да го задржат сјајот подолго.

Едно предупредување: Откако ќесата ќе ви стане непотребна, не заборавајте да ја испразните и да ја фрлите во ѓубре, особено кога ќе го применувате трикот во парк или на други јавни отворени места. Во спротивно, може да наиде некое куче и да се обиде да ја џвака ќесата. Да не забораваме дека пластиката не припаѓа во природата.

Сакате едноставни трикови кои функционираат? Пробајте и го овој магичен спреј кој ја пегла облеката. Се прави од 3 состојки кои сигурно ги имате дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар