Магичен спреј кој ја пегла облеката: Се прави од 3 состојки кои сигурно ги имате дома

Кога би требало да издвоиме една домашна обврска која ја мразиме, веројатно повеќето жени би се сложиле дека тоа е пеглањето. Освен што одзема многу време, оваа прилично напорна активност бара и многу внимателност, прецизност и труд. Таман совршено сте го испеглале ракавот од кошулата по рабовите, ја поткревате и гледате дека се стуткала од другата страна. Звучи познато?

Магичен спреј кој ја пегла облеката: Се прави од 3 состојки кои сигурно ги имате дома

Што ако ви кажеме дека откривме спреј кој се подготвува од само 3 состојки кои веројатно веќе ги имате дома, со помош на кој вашата облека сама ќе се испегла? Не е лага!

Овој магичен спреј навистина постои и делува. Еве го рецептот…

Потребни состојки:
  • 400 мл дестилирана вода
  • 1 лажичка омекнувач за алишта
  • 1 лажичка алкохолен оцет
  • 1 празен распрскувач
Начин на подготовка:

Во празен распрскувач налејте 400 милилитри дестилирана вода во која ќе додадете по една лажичка омекнувач и алкохолен оцет. Добро промешајте ја смесата и спрејот за пеглање е спремен за употреба.

Начин на употреба:

Напрскајте ги сувите маици или која било друга облека со спрејот. Порамнете ги ракавите, поставете ги на сушара и оставете ги да се подзасушат. Откако ќе се исушат, вашите „пеглани“ алишта се спремни за носење.

Кога сепак ќе морате да ја употребите пеглата, овие 5 трикови ќе ви помогнат лесно и брзо да ја исчистите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар