Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Јапонската арт-директорка Јуни Јошида наоѓа инспирација за својата работа во садот за овошје. Таа создава надреални композиции од храна во кои јаболка, портокали, банани и други намирници изгледаат како да се меѓусебно сраснати и дигитално пикселизирани. Но, и покрај дигитализираниот и фотошопиран изглед, овие ремек-дела се јадливи и прецизно изработени со рака.

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

За серијата Peel (Лупење), Јошида изработува вкусни хибридни форми со спојување на две или повеќе парчиња од овошје, така создавајќи ефект на неправилно наместена сложувалка. Со мудро избирање на делови од овошјето во различни нијанси и бои, таа успеала да создаде ефект како делови од плодовите да се проѕирни или како привидно да се преклопуваат – како вистински венов дијаграм. Во едно од нејзините дела, Јошида комбинира банана и јаболко и потоа со парче од портокалова кора го пополнува делот каде што тие се преклопуваат. Мудро, нели?!

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

За нејзината серија Pixelated (Пискселизирано), Јошида ја реконфигурира храната така што отсекува мали парчиња од разни намирници и потоа ги распределува во вид на зашеметувачки мозаик. Ова создава ефект на „замагленост“ помеѓу делови од нивната боја и форма. Во една од нејзините креации, дел од бургерот изгледа изобличено, што е постигнато со поставување на коцки од месо, леб, домати и краставици на „погрешно место“. Во другите изработки, лушпата на овошјето капе од нив како боја на под.

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Уметничките дела на Јошида, дефинитивно нѐ тераат да погледнеме двапати.

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Збунувачки композиции од храна кои изгледаат како да се дигитално обработени

Погледнете го и овој креативен татко кој ги фотошопира неговите деца во ултраоткачени ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар