Мека, сочна и се топи во уста: Пица на брзинка за која тестото се мати со миксер

Домашно подготвената пица е одличен викенд ручек, а најдоброто од сѐ е што на неа можете да ставите што вие најмногу сакате.

Мека, сочна и се топи во уста: Пица на брзинка за која тестото се мати со миксер

Еве како да направите тесто за пица, кое не треба да го месите.

Потребни состојки:
  • 500 грама брашно
  • 450 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка сода бикарбона
  • Малку сол
Начин на подготовка:
  1. Прво изматете ги јајцата, а потоа додадете ги и останатите состојки. Матете со миксер за да добиете тесто малку погусто отколку за правење палачинки.
  2. На тавата во којашто ќе ја печете пицата ставете малку брашно и масло, пред да го поставите тестото. За да го распоредите тестото на тавата, развлекaувајте го со лажица претходно потопена со врела вода.
  3. Наредете ги омилените состојки одозгора и печете додека тестото не ја добие посакуваната боја.

Погледнете го и ова идеално решение за вкусна вечера: Лесна, летна пица од тортиља.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар