Знаци според кои ќе знаете дека сте атрактивни

Дури и најатрактивните луѓе имаат свои несигурности и сметаат дека некои делови од нивното лице или тело не изгледаат како што треба. За среќа, луѓето нѐ доживуваат поинаку одошто ние се доживуваме себеси, па често изгледаме атрактивно во очите на другите, дури и кога не сме свесни за тоа.

Знаци според кои ќе знаете дека сте атрактивни

Прочитајте ги следните необични знаци дека ја привлекувате околината.

1. Ретко добивате комплименти

Не ви звучи вистинито? Но, така е. Личностите кои добиваат малку комплименти се сметаат за исклучително привлечни. Луѓето сметаат дека кога некој добро изгледа, нема потреба тоа постојано да се повторува.

2. Добивате едноставни комплименти

Овој знак се надоврзува на претходниот. Комплиментите кои обично ги добиваат атрактивните луѓе се од типот: „Изгледаш супер како и секогаш“, иако тие би ценеле понекогаш да чујат и нешто поконкретно. Но, луѓето тргнуваат од претпоставката дека атрактивните личности знаат колку се привлечни и затоа нема потреба премногу да се трудат да им даваат друг тип комплименти.

3. Непознати луѓе се обидуваат да воспостават контакт со очи со вас

Говорот на телото ретко кога може некого да излаже. Доколку некој ве загледува, не може да се порекне дека сте му атрактивни. Кога пак непозната личност ве гледа во очи и ви се смешка, тоа значи дека се обидува да се поврзе со вас. Понекогаш ова може да делува чудно, па и застрашувачко и агресивно, но не грижете се – на некого сте му едноставно интересни за гледање.

4. Луѓето ги подигнуваат веѓите кога ќе ве забележат

Научно е докажано дека рефлексно ги подигнуваме веѓите кога некој ни се допаѓа. Причината е многу едноставна – кога ги подигнуваме веѓите и се насмевнуваме – нашето лице делува поотворено и попријателско и на тој начин сакаме да ѝ се допаднеме на другата страна.

5. Луѓето се обидуваат да бидат блиску до вас

Ова е многу логично. Веројатно ни вие не ѝ се приближувате на личност која не ви се допаѓа. Затоа, ако некој се обидува да ви се приближи, многу е веројатно дека му се допаѓате. Тоа станува уште појасно кога личноста се обидува да ве допре или прегрне.

6. Луѓето се чудат кога ќе разберат дека имате комплекси

Не можеме да разбереме како е можно привлечните луѓе да имаат несигурности, но секој од нас се гледа и доживува себеси на различен начин од она како нѐ гледа околината. Па затоа, кога ќе чуеме дека некој што ни изгледа многу привлечно има комплекс, изразуваме големо изненадување. Ако луѓето се изненадени кога ќе слушнат за вашите слабости, тоа е знак дека сте привлечни.

7. Луѓето кон вас се или исклучително пријатни или исклучително непријателски настроени

Кога некому му се допаѓате, тоа значи дека сте слични на него. Личностите кои се привлечни знаат да ги ценат истите квалитети кај другите луѓе. Ако некој е отворен и пријателски настроен кон вас, значи дека ве смета за еднакви. Доколку пак, некој ве презира, тоа значи дека веројатно чувствува љубомора.

Се заинтересиравте на оваа тема? Прочитајте ги и овие 7 знаци дека сте атрактивна личност, дури и ако не го мислите тоа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар