Зошто имате кошмари?

Зошто имате кошмари?

Депресијата и несоницата се најчестите причинители на кошмари, повеќе од кои било други проблеми во животот. Според едно истражување, спроведено во Финска, 28% од испитаниците кои биле дијагностицирани со тешка депресија, имале чести кошмари, повеќепати во неделата, додека само 2% кои немале симптоми на ментални болести, изјавиле дека имаат страшни соништа. 17% од луѓето кои страдале од несоница, изјавиле дека страдаат од кошмари во споредба со малку повеќе од 1% од испитаниците кои изјавиле дека спијат добро.

(1) zoshto-imate-nokjni-mori

„Истите негативни емоции, како анксиозноста и вознемиреноста кои се поврзани со депресијата и несоницата во будна состојба, можат да се појават и додека спиеме, предизвикувајќи ни кошмари“, вели водечкиот автор на студијата, Нилс Сандман.

Меѓутоа, истражувањето сè уште не може да открие дали кошмарите се причина или симптоми за нарушувањата во спиењето и расположението.

Доколку вашите кошмари се појавуваат заедно со проблеми со спиењето, или „продолжено“ лошо расположение, особено со знаците кои укажуваат на депресија, како тага, замор, плачливост, незадоволство или пак од друга страна, особено кај мажите, агресивност, нестрпливост, импулсивност или опсесија со работата, најдобро би било да се консултирате со вашиот доктор дали имате депресија или несоница која ви предизвикува кошмари.

„Доколку се лечи оваа состојба, може да се намали појавата на кошмарите“, вели Сандман. „Не постои одреден број кошмари што би укажале на проблем. Тие стануваат проблем кога вие ќе почувствувате дека често се појавуваат“, додава тој.

Доколку вашите соништа често застрашувачки ве будат во текот на ноќта, што дури се двоумите дали да се вратите на спиење или да останете будни, препорачливо е да се консултирате со доктор, особено со психотерапевт или психијатар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар