Овие 3 хороскопски знаци ги очекува предизвикувачки период за време на владеењето на Лавот

Овие 3 хороскопски знаци ги очекува предизвикувачки период за време на владеењето на Лавот

За време на владеењето на гламурозниот Лав, неколку знаци нема да живеат како во бајките. Земјените знаци ќе се соочат со потешкотии и предизвици. Лавот е огнен знак и неговиот период од 22 јули до 23 август најмногу ќе им одговара на огнените знаци како што се Овен, Лав и Стрелец.

Близнаците, Вагите и Водолиите во сезоната на Лавот ќе бидат подготвени да ги исфрлат сите негативни работи од минатото и да им се препуштат на новите животни авантури.

Со мрачната смена на ретроградниот Меркур кој ја отежнува комуникацијата и способноста за рационално донесување одлуки, периодот на Лавот нема да биде пријатен доколку сами не успеете да се ослободите од негативното влијание на планетите. Ако за време на владеењето на Ракот учевме како да ги „усогласиме“ емоциите, да пронајдеме вистински зборови и да воспоставиме подобри односи со луѓето, за време на Лавот ќе сакаме себеси да си посветиме повеќе време.

Следуваат 3-те знаци што ќе имаат најмногу непријатности…

Бик – Потребно ви е прибежиште

Во периодот на Лав ќе бидете полошо расположени и емоциите ќе ви бидат измешани. Секојдневието ве исцрпува и уморни сте од трката за успех. Време е да направите пауза и да се посветите на блиските. Сонцето во овој период е во вашата четврта куќа односно, во куќата на семејството и домот. Земете неколку слободни денови, уживајте во домот како кога бевте деца, посветете му се на семејството и повеќе одморајте. Кога студот, кој во вас го разбуди забрзаниот живот, ќе го замените со топлиот дом, сè ќе биде поубаво и подобро.

Девица – Враќање во минатото

Драги Девици, додека сите се будат, авантурите се засилуваат и непрекината забава е насекаде околу вас, вие ќе бидете страшно бавни и уморни. Тоа е така бидејќи вашиот роденден е зад аголот и бидејќи Сонцето се наоѓа во вашата 12-та куќа, односно во куќата на силна карма. Сега важно е да се ослободите од товарот на душата и да ги одврзете јазлите од минатото. Простете, побарајте прошка, поправете ги грешките, завршете ги незавршените работи…Со ослободувањето на овие стеги ќе ја отворите душата за нов почеток.

Јарец – Голема трансформација

Оваа година беше турбулентна и тешка кога се во прашање емоциите за сите родени во знакот на Јарец. Со Плутон, Сатурн и јужниот Месечев јазол, имавте многу предизвици и тестови, но на крајот вашето срце се зајакна, дури и покрај препреките. Исто така, во периодот на Лавот ќе бидете збунети. Сонцето се наоѓа во вашата осма куќа која означува секс, трансформација и интимни односи. Ќе сакате да промените многу работи кај себе, но ќе ве прогонува страв од реакцијата на опкружувањето. Кога ќе се ослободите и ќе започнете искрено да зборувате на темите кои се сметаат за „табу“, дури тогаш ќе пронајдете одговори на многу прашања.

Прочитајте и за веќе започнатата сезона на Лавот која ќе биде одлична за следниве хороскопски знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар