Зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска?

Зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска?

Кога сакате некого подолго време може да биде навистина тешко да се откажете од врската, дури и ако сте свесни за фактот дека таа е нездрава и токсична. Прочитајте во продолжение кои се причините поради кои не можете да ставите крај на нездравата љубовна врска.

Зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска?

1. Сметате дека е подобро да бидете со некого отколку да бидете сами

За многумина, стравот да се биде сам/а како и ниската самодоверба се најчестите причини зошто остануваат во врска која е нездрава и која може да влијае негативно врз нивното ментално здравје.

2. Можното раскинување за вас претставува рана која не може да се зацели

Си го замислувате сценариото дека никогаш нема да го пребродите ова раскинување и затоа се плашите да ставите крај. Во овој случај само се залажувате дека следниот пат нештата ќе бидат подобри.

3. Вложивте премногу време и енергија во оваа врска

Уште една заблуда која вие самите си ја наметнувате е дека веќе сте потрошиле доволно време и енергија и затоа нема смисла за почнување од почеток.

4. Се надевате дека вашиот партнер ќе се промени

Иако ви е доволно јасно дека тоа најверојатно нема да се случи, сепак продолжувате да живеете во надеж дека вашиот партнер ќе се промени.

5. Вие сте жртва на емоционално злоупотребување од страна на партнерот

Честопати жртвите на емоционалното злоупотребување се сомневаат во себе и во своите инстинкти. Освен тоа, тие се справуваат со ниска самодоверба и чувството дека не се во право и тоа како резултат на манипулацијата на партнерот.

Откако прочитавте зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар