Знаци дека животот ви е во опасност: Кога да повикате брза помош?

Срцевиот и мозочниот удар, како и застанувањето на срцето, се три состојби кои бараат итна медицинска помош. Поради ова важно е да бидете свесни за нивните симптоми. Важно е да знаете дека срцевиот удар и застојот на срцето можат да се појават во исто време, но тие се две различни состојби.

Знаци дека животот ви е во опасност: Кога да повикате брза помош?

Срцевиот удар, односно инфарктот, настанува кога се затнуваат крвните садови кои го снабдуваат срцето со крв. Делот од срцето во кој нема крв останува без кислород и престанува да работи. Од друга страна, застанувањето е предизвикано од прекинувањето на електричната активност во срцето. Ова прекинување може да се појави во два облици – како фатално нарушување на ритамот, каде што нема срцева активност и срцето не исфрла крв, или како асистолија, односно прекинување на електричната активност.

За време на инфаркт, личноста е најчесто свесна. Но доколку инфарктот е придружен со застој на срцето, состојбата се влошува и може да се изгуби свеста.

За време на инфарктот се јавува непријатност во градите, додека кај некои луѓе се појавуваат и силна болка, притисок и чувство на „горење“ во градите. Обично се појавува и потење и отежнато дишење. Од друга страна, кога настанува застанување на срцето, тоа престанува да пумпа крв, па мозокот останува без кислород.

Луѓето кај кои се појавува застој на срцето често губат свест. Во овие моменти се јавуваат тешкотии со дишењето, но процесот на дишење може да престане и целосно. Во овој случај веднаш треба да пружите брза помош. Доколку во близина нема медицински лица, можете да помогнете со масажа на срцето и вештачко дишење. Понекогаш, животот на човекот зависи од ова.

Најчесто застојот на срцето е изненаден и без претходни симптоми. Пред застојот личноста може да почувствува вртоглавица или затемнување на видот. Кога станува збор за инфаркт, некои симптоми можат да се појават неколку денови или месеци претходно. Еден од овие симптоми е болката во градите која се појавува за време на поголем физички напор, но и за време на одмор. Болката може да се прошири и низ раката.

Кај мозочниот удар, најчесто се појавува ненадејна главоболка, слабост и парализирање на одреден дел од телото. Други симптоми се збунетост и тешкотии со говорот, проблеми со разбирањето и ненадејни промени во видот, кој најчесто се замаглува.

Постојат два вида мозочен удар – исхемиски и хеморагиски. Кај исхемискиот мозочен удар се запушуваат крвните садови во мозокот, додека кај хеморагискиот настанува крвавење поради пукање на крвните садови. И во двата случаи, најважно е веднаш да повикате брза помош.

Погледнете и некои од најпознатите митови за прва помош на кои треба да заборавите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар