7 мали нешта што можат да ви го подобрат сексуалниот живот

7 мали нешта што можат да ви го подобрат сексуалниот живот

Сексот е наједноставниот, но и најинтересниот начин за зацврстување на врската со партнерот. Но не секогаш сексуалниот однос е интензивен и за двајцата партнери. Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, следниве 7 нешта ќе ви помогнат во тоа.

7 мали нешта што можат да ви го подобрат сексуалниот живот

1. Кажете што сакате

Доколку постојано молчите за вашите сексуални желби, ќе испуштите многу. Можете слободно да му кажете на партнерот што сакате од него и што би сакале да пробате. Кога ќе го направите тоа, ќе забележите дека партнерот ќе ви пружи подобро задоволство и сексот ќе биде поинтензивен. Понекогаш нема потреба да користите зборови и доволно е само да бидете погласни во кревет. На тој начин ќе го возбудите партнерот, но и ќе му дадете до знаење што навистина ви се допаѓа.

2. Дишете свесно

Еден навистина едноставен трик за поинтензивен секс е заедничкото свесно дишење. Обрнете внимание на дишењето на партнерот и обидете се да се усогласите со неговиот ритам. Ова е совет од тантричкиот водич за секс и нема да ве остави разочарани.

3. Исклучете се

Најдобро ќе му се посветите на сексот кога ќе исклучите сè околу вас и кога ќе ги отстраните нештата што ви го одвлекуваат вниманието. Па, исклучете го телевизорот, телефонот, компјутерот и сè останато што ви го одвлекува вниманието. Само така ќе можете целосно да се фокусирате на партнерот и на сексуалниот однос.

4. Отстранете ги домашните миленици од собата

Без разлика колку го сакате вашето куче или вашата мачка, за време на сексот најдобро е тие да бидат во друга просторија. Ова е време само за вас двајцата. Сигурно не би сакале сред уживање мачката да дојде и да си игра со вас.

5. Погрижете се за нередот

Спалната соба би требало да служи само за две нешта – за спиење и за секс. Она што не ви е потребно, воопшто не треба да се наоѓа во таа просторија. Доколку на пример имате работна маса во спалната соба, голема е веројатноста да мислите на грижите од работното место за време на сексот, што ќе има значително влијание на вашето задоволство.

6. Добро гледајте

За време на секс, многу луѓе автоматски ги затвораат нивните очи. За жал, на овој начин испуштате многу. Некои истражувања покажале дека гледањето во очи може да ве смири. Покрај тоа, визуелните стимули имаат важна улога за време на сексот. Па додека водите љубов, обидете се да го гледате партнерот во очи. Ќе забележите дека ќе се зголеми уживањето и на двајцата.

7. Однапред планирајте

Спонтаниот секс може да биде навистина возбудлив. Но, исто возбудливо може да биде и целосно свесното планирање на водењето љубов. Добро испланирајте и подгответе се. Можете да направите релаксирачка купка, или пак да отидете на состанок за кој ќе знаете дека ќе заврши со секс. Без разлика што ќе направите, обидете се да ја зголемувате сексуалната привлечност, а потоа целосно препуштете ѝ се.

Погледнете го и овој водич за тантрички секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар