Интересно откритие: Комарците помалку напаѓаат кога ја слушаат оваа музика

Научниците спровеле необично истражување чии резултати биле објавени минатата недела. Тие го проучувале влијанието на музиката на однесувањето на египетските комарци што често биле преносители на вирусите денга, зика и слични болести. Комарците биле поделени во две групи – една од нив се наоѓала во тивка просторија, а другата група била изложена на дабстеп музика од диџејот Скрилекс.

Научниците брзо забележале разлики во однесувањето на комарците. Оние што слушале музика помалку напаѓале и помалку пиеле крв. Музиката дури влијаела и на нивното размножување. Женките помалку копулирале со мажјаците од оваа група.

„Ниту еднаш досега во мојата долгогодишна пракса не сум се сретнал со ситуација каде што музиката влијаела на однесувањето на комарците. Можно е гласната и долготрајна изложеноста на електронската музика да ги оштетила нивните органи, па поради тоа да се однесуваат поразлично од вообичаено“, изјавил биологот Петар Црнчан, притоа шегувајќи се и дека овој вид музика ги брка и луѓето, не само комарците.

Па, доколку сте љубители на музиката на диџејот Скрилекс, тогаш без сомнение веќе имате пронајдено одлична заштита од напаѓањето на комарците. Но, ако не можете да слушате ваков вид музика, тогаш ви препорачуваме потрадиционален метод за борба против комарците.

„Етеричните масла можат многу да помогнат при бркањето на комарците. Спрејот е исто така добар, но мора да се нанесува повеќе пати бидејќи брзо испарува од кожата“, заклучува Црнчан.

Погледнете ги и овие 8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар