8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

Убодите од комарец не само што чешаат и се досадни, туку може да претставуваат и значајна закана по здравјето. Комарците се сметаат за најсмртоносните инсекти во светот, бидејќи се преносители на екстремно опасни болести, како што се маларија, жолта чума, вирус чикунгунија, западнонилска треска, денга, филаријаза и зика вирус. Луѓето и животните ги привлекуваат комарците со мирисот на јаглероден диоксид и други примамливи мириси коишто ги испуштаме. За среќа, постојат природни ароми коишто ги бркаат комарците, а не содржат никакви хемикалии.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

Во продолжените, прочитајте ги 8-те најпознати градински растенија, коишто можете да ги употребите за бркање на досадните комарци.

1. Лаванда

Пријатниот мирис на лавандата е одбивен за комарците. Освен тоа, лаванадата има антигабични и антисептички својства. Можете да ја посадите во вашиот двор или во саксии сместени покрај врати или прозорци. За уште повеќе да се заштитите од комарците, можете да го протриете цветот на вашата кожа, за да испушти од своите масла.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

2. Џунџуле

Џунџулето е цвеќе коешто лесно се одгледува, а содржи тиофен, состојка којашто ги одбива инсектите. Џунџулето е ефикасно во одбивањето на комарците, трипсите, белокрилките, мексичката бубамара и други инсекти.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

3. Сардела

Сарделата е многу атрактивно декоративно растение, коешто исто така ги одбива комарците и неколку видови паразити. И покрај тоа што овие брзорастечки растенија сакаат топла, сончева и сува клима, тие можат да се одгледуваат и во постудени места и во саксии, а потребно е почесто да се поткаструваат.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

4. Рузмарин

Ова растение најчесто се користи како додатен зачин во јадења, но неговата дрвенеста арома е ефикасна и во одбивањето на комарците, молците коишто напаѓаат зелка и мувите што напаѓаат моркови. Рузмаринот е одлична заштита и за кога сакате да уживате покрај оган во природа, без да ве напаѓаат комарци. Сè што треба да направите е да ставите неколку ливчиња рузмарин во огнот, а мирисот којшто го испушта ќе ги избрка комарците.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

5. Нане

Ова е уште една билка којашто има повеќе примени и надвор од кујната. Истражувањата имаат откриено дека маслото од нане може да ги спречи маларијата, филаријазата и жолтата треска, во времетраење од 60-180 минути.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

6. Метвица

Метвица е друго популарно природно растение од фамилијата на ментата, којашто ги брка комарците. Ако само ставите скршени стебленца од ова растение во вашите џебови, можете со сигурност да сметате дека комарците ќе бидат подалеку од вас. Ако живеете во куќа, добра идеја е да посадите метвица во дворот околу неа, за да ги обесхрабрите комарците од влегување во вашиот дом.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

7. Босилек

Босилекот не е само вкусен зачин, којшто можете да го додадете во вашата паста, туку е одличен и за бркање комарци. Како резултат на интензивниот мирис којшто се емитува од неговите ливчиња, комарците одбиваат да бидат во близина на ова растение. Поточно, едно истражување дури тврди дека босилекот може да биде и потенцијално отровен за комарците.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

8. Мачкина трева

Не само што вашата домашна мачка ќе ви биде благодарна доколку посадите мачкина трева во вашиот двор, туку и вие ќе можете да уживате во вашата прошетка низ градината, без да добиете непријатни убоди од комарци по вашето тело. Истражувањата покажале дека мачкината трева е всушност 10 пати поефикасна од активната состојка Н,Н-диетил-мета-толуамид (DEET) којашто ја содржат спрејовите против комарци.

8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом

Може да ве интересира и зошто комарците ве касаат повеќе од другите луѓе?

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Убаво е да се потрудиш да ги дадеш и имињта на растенијата на македонски.

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Благодариме за забелешката, направени се корекции.

Остави коментар