Неверојатни научни факти што не ви ги кажале на училиште

Неверојатни научни факти што не ви ги кажале на училиште

Знаете ли дека воопшто не ни е јасно како изгледа поголемиот дел од нашиот универзум? Сите ѕвезди, планети и галаксии што можеме да ги набљудуваме зафаќаат само 4% од универзумот. Останатите 96% се сочинети од темна материја и темна енергија што астрономите не можат да ја видат, забележат, па дури ни да ја разберат. Најпопуларното објаснување за оваа празнина во нашето знаење е дека овие супстанци се формирани од одредени честички кои не реагираат со обичната материја, па поради ова се невидливи. Фактите за вселената ви изгледаат како нешто многу далечно? Што ако ви кажеме дека и нашата планета има безброј тајни кои продолжуваме да ги откриваме секој ден?

Неверојатни научни факти што не ви ги кажале на училиште

1. Дневно губите околу половина килограм испуштајќи гасови. Утврдено е дека целата маса на еден гас е 0.0371 грама. Просечната личност испушта гасови 14 пати дневно.

2. Поларните мечки не можат да бидат забележани со инфрацрвена камера. Овие животни се совршено загреани благодарение на слој под нивната кожа и густото крзно што им го покрива телото. Но нивниот надворешен слој останува со иста температура како и снегот околу нив. Поради ова тие се невидливи за инфрацрвените камери кои ја детектираат топлината што се ослободува од живите суштества.

2. Сончогледите можат да го исчистат радиоактивниот отпад. Одредени радиоактивни изотопи се слични на хранливите материи кои обично им се потребни на сончогледите. Па како што растат, тие ја собираат радијацијата од почвата.

Неверојатни научни факти што не ви ги кажале на училиште

4. Болвите забрзуваат побрзо од вселенските летала. Болвата што скока постигнува неверојатна висина со брзина од 8 центиметри во милисекунда. Ова е 50 пати побрзо од забрзувањето на вселенските летала.

5. Стомачната киселина може да распадне жилет. Во рок од 24 часа, проголтаниот жилет станува кршлив во вашиот стомак поради високо корозивната киселина со ниска рН вредност од 2-3.

6. Бебињата имаат 64 повеќе коски во телото од возрасните личности. Новороденчињата имаат околу 270 коски, а ова го прави нивниот скелет пофлексибилен. Со растењето повеќето од овие коски се спојуваат. Поради ова возрасните луѓе имаат 206 коски во телото.

Неверојатни научни факти што не ви ги кажале на училиште

7. Невозможно е да ждригнете во вселената. Кога ждригате на Земјата, гравитацијата ги држи доле течностите и тврдата храна што сте ја консумирале, а од устата излегува само гас. Кога нема гравитација, гасот не може да се оддели од содржината на стомакот, па е невозможно да ждригнете без да повратите.

8. Животните сонуваат исто како нас. Според некои истражувања, глувците сонуваат како добиваат храна или како трчаат низ лавиринти. Повеќето цицачи имаат РЕМ фаза во текот на спиењето, циклусот во кој се случуваат соништата.

9. Скорпиите светат под УВ светлина. Нивната светлина потекнува од супстанца во кутикулата, тврд дел од нивниот надворешен скелет. Сепак научниците не знаат која е целта на оваа флуросцентна светлина. Сметаат дека ова им помага да забележат други скорпии, ги заштитува од сончевите зраци или им помага да го збунат нивниот плен.

Неверојатни научни факти што не ви ги кажале на училиште

10. Има 2 делови од телото што не престануваат да растат. Човечките уши и нос продолжуваат да ја зголемуваат својата големина дури и кога остатокот од телото престанал со растење.

11. На некои планети врнат дијаманти. Атмосферата на Нептун, Уран, Јупитер и Сатурн има толку висок притисок што ги кристализира атомите на јаглерод и ги претвора ви дијаманти.

12. Атомите се состојат од 99,9999999% празен простор. Атомот се состои од мало јадро опкружено со електронски облак кој зафаќа пропорционално голем простор. Па ако го отстраните празниот простор од атомите на сите 7 милијарди луѓе, целото човештво ќе го збере во една коцка шеќер.

Неверојатни научни факти што не ви ги кажале на училиште

13. Жешката вода замрзнува побрзо од студената. Според овој ефект брзината на честичките на топлата вода има посебна диспозиција што им помага да замрзнат побрзо.

14. Бананите се радиоактивни. Тие содржат калиум кој ги прави малку радиоактивни. Но без грижи. Потребно е да изедете 10.000.000 банани одеднаш за да умрете од оваа радијација.

15. Човечката крв е слична со морската вода. Составот на нашата крв има речиси исто сол колку и морската вода. Наводно, овој факт докажува дека животот започнал во океаните.

Неверојатни научни факти што не ви ги кажале на училиште

16. Должината на вашата ДНК изнесува 17 пати од растојанието до Плутон и назад. Човечкото тело содржи 37 трилиони клетки, а секоја од нив има 23 молекули на ДНК. Па ако ги расплетите сите човечки клетки би добиле должина од околу 54.717.696.000.000 километри.

17. Денот на Венера е подолг од една година. На Венера ѝ се потребни 243 земјени денови да направи ротација околу својата оска, додека орбитата околу сонцето ѝ трае само 225 денови.

Прочитајте ги и овие неверојатни факти за човечкото тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар