Знаци дека „финиот“ дечко со кого се гледате најверојатно ќе ви го скрши срцето

Некои мажи мислат дека сѐ им е дозволено во љубовните врски. Тие се толку големи професионалци што многу тешко ќе можете да ги препознаете. Овие момци се познати и под името „женкари“. Па, каква е нивната тактика? Тие ќе ви ги симнат ѕвездите, ќе ве натераат да „паднете“ на нивниот шарм, ќе ве убедат дека тие се вашите принцови на бел коњ и потоа ќе ве напуштат како никогаш ништо да не постоело помеѓу вас. Најверојатно се прашувате како би можеле да препознаете ваков човек. Не грижете се! Следниве неколку знаци ги издаваат „фините“ момци кои сакаат само да ви го скршат срцето…

Знаци дека „финиот“ дечко со кого се гледате најверојатно ќе ви го скрши срцето

Не објавува лични работи на социјалните мрежи

Тој никогаш не сака да објави фотографија од вас двајца на социјалните мрежи. Ви вели дека сака да си ја задржи приватноста, но немојте да му верувате на овој изговор. Тој само игра на сигурно. Не сака неговите други симпатии да дознаат дека се гледа со некого.

Секогаш е зафатен

Сите имаме обврски, но ако навистина сакаме да бидеме со некого, дефинитивно ќе најдеме време за саканите. „Зафатеноста“ не е изговор. Тој се гледа со вас само тогаш кога сака, но не и тогаш кога вие сакате.

Многу е шармантен и секогаш е среден

Тој е вистинската верзија на принцот од бајките. Многу внимава на својот изглед и секогаш се грижи за себе. Нему му треба тоа за да ги привлекува жените, а вашето вљубување не му значи апсолутно ништо.

Знае добро да се изразува

Тој е одличен говорник. Можете да го слушате со часови. Ова е вештина што му треба за да може да манипулира со девојките и да ги убеди дека вреди да се вљубат во него и да му веруваат.

Никогаш не наоѓа време за да ви се јави

Телефонските повици се знак дека партнерите навистина сакаат да бидат заедно. Кога зборувате со некого на телефон, можете да му го чуете гласот и да ја почувствувате емоцијата. Праќањето пораки е многу безгрижен начин на неформална комуникација. Ако не ви се јавува, време е да размислите дали вашата врска може да опстане.

Не ве запознал со неговите пријатели

Никогаш не ве претставил на неговото семејство и пријатели. Дури и тогаш кога самите ќе изразите желба да ги видите, тој ја менува темата. Тоа е знак дека нема сериозни намери и не сака неговите најблиски да знаат за вас.

Знаци дека „финиот“ дечко со кого се гледате најверојатно ќе ви го скрши срцето

Не е подготвен за ништо повеќе од пријателство

Сака да останете добри пријатели, но ништо повеќе од тоа. Што и да ви каже, најдобро би било да не му верувате, бидејќи постои голема веројатност дека тој ќе се обиде да ве искористи. Фактот што не е подготвен за врска значи дека не сака да се врзува и посакува да живее без обврски.

Постојано зборува за секс

Можеби ви се допаѓаат ваквите разговори, бидејќи ве привлекува и сакате да бидете интимни со него, но ова е голем знак на предупредување. Ако вашиот дечко постојано зборува за секс, тоа значи дека тој сака само секс и ништо друго.

Секогаш вели дека е сингл

Тој ви вели дека не сака да го открива неговиот приватен живот, но ако на сите им кажува дека е сингл, тоа значи дека сака да си има и други опции. На тој начин, тој им дава простор на другите жени да му се додворуваат и да флертуваат со него.

Има многу пријателки

Живееме во современо општество и не е грев да се има пријатели од спротивниот пол. Но, ако тој има премногу пријателки и секогаш разговара со нив на социјалните мрежи, тогаш треба да бидете внимателни. Преголемиот број на пријателки и постојаното стекнување нови е знак дека тој сака да ги истражува неговите можности за да си ги исполни потребите.

Го бие глас на женкар

Понекогаш гласините се вистинити. Ако тој е познат како женкар, треба да бидете внимателно. Доколку луѓето кажуваат многу лоши работи за него, тогаш сигурно нешто не е во ред со него.

Немојте да „паѓате“ на неговиот шарм! Размислувајте со главата!

Во продолжение прочитајте кои се седумте карактери на мажи од кои треба да бегате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар