Женствено и удобно: 6 пролетни комбинации со бели патики

Времето кога патиките се носеа единствено за спорт одамна помина, а сега патиките, особено белите, се задолжителен дел од секоја женска гардероба. Патиките обично се поврзуваат со спортски и опуштен изглед, но тие може да бидат многу повеќе. Во комбинација со различни парчиња облека, како што се трендовските костуми и здолништа или во комбинација со животински принт, белите патики ќе се претворат во елегантно модно парче. Овие 6 комбинации совршено ги истакнуваат белите патики.

1. Комбинација на бели патики и светли тонови

Женствено и удобно: 6 пролетни комбинации со бели патики

Црните или темни чевли создаваат убав контраст во комбинација со светла облека, но вашата комбинација ќе изгледа сјајно и со бели патики. Можете да комбинирате бел костум со патики, а за поопуштен изглед, поиграјте си со неколку светли нијанси и различни материјали. На пример, комбинирајте ги белите патики со бели фармерки и кремов џемпер.

2. Моќна комбинација: бели патики и комбинезон

Женствено и удобно: 6 пролетни комбинации со бели патики

Комбинезонот можете да го носите во текот на целата година и затоа секогаш вреди да инвестирате во него. Во зима со џемпер или со ролка, а во пролет со тексасна јакна или со маица под него. Нема чевли што се комбинираат со овој модерен изглед подобро од сјајните бели патики.

3. Бели патики со макси здолниште или фустан

Женствено и удобно: 6 пролетни комбинации со бели патики

Овие парчиња облека во комбинација со обични патики ја прават вашата комбинација да изгледа спортски и поопуштено. Макси фустаните и здолништата може да ги носите и за време на пониските температури. На пример, облечете топол плетен џемпер над фустанот и тесни кожени хеланки под фустанот.

4. Монохроматски изглед со бели патики

Женствено и удобно: 6 пролетни комбинации со бели патики

Ништо нема да го нагласи монохроматски изглед повеќе од патиките. Без разлика дали е црна, бела, зелена или сина, монохроматска облека секогаш изгледа одлично во комбинација со вашите омилени бели патики.

5. Бели патики во комбинација со животински принт

Женствено и удобно: 6 пролетни комбинации со бели патики

Оваа пролет особено ќе се носат здолништа со животински принт. Ако на целата комбинација ѝ додадете одлични патики, изгледот ќе биде целосен.

6. Бели патики во комбинација со здолниште

Женствено и удобно: 6 пролетни комбинации со бели патики

Без разлика дали е миди или мини, белите патики во комбинација со здолниште секогаш се добар избор. Тие му даваат на изгледот спортски карактер, одговараат на секоја комбинација на бои и се многу удобни.

Погледнете ги новите трендови за бојадисување на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар