Жените што навистина се ценат себеси никогаш не ги прават овие 3 нешта во врската

Ниската самодоверба е тоа што ве „влече“ кон лоши врски, саботажи и скршени срца. Иако високата самодоверба не гарантира среќна врска, таа сепак ви помага да идентификувате точно што сакате и што заслужувате да имате, а со тоа и ви дава доволно сила да излезете од оној однос што не ви одговара. Жените со висока самодоверба веруваат дека се вредни за љубов бидејќи знаат дека можат да бидат сакани, доколку ја најдат вистинската личност. Па, по што се разликуваат тие од останатите?

1. Жените што се ценат себеси поставуваат здрави граници

Здравите граници и високата самодоверба одат рака под рака. Кога ќе поставите здрави граници тоа значи дека емоциите ви се приоритет и не преземате одговорност за тоа што другите го чувствуваат или го прават. Жената што поставува здрави граници нема да се изгуби себеси во врската и нема да дозволи нејзиниот идентитет да биде зависен од мажот што ја љуби. Таа продолжува да го одржува својот живот и надвор од врската, па не се откажува од пријателите, хобијата или времето поминато со себе.

2. Жените што се ценат себеси веруваат во одлуките што ги носат

Клучната компонента на високата самодоверба е верувањето во себе и верувањето дека носите добри одлуки. Жената што се цени себеси нема постојано да ги доведува до прашање своите одлуки ниту пак ќе има дебата со себе за тоа што треба да го каже или да го направи. Таа се однесува онака како што се чувствува и како што ѝ е удобно и сака да биде онаа што навистина е.

3. Жените што се ценат себеси преземаат одговорност за своите постапки

Таа презема одговорност за сите свои постапки и емоции. Таа не ги обвинува своите партнери ако не се чувствува среќна и не се гледа себеси како жртва, поради туѓото однесување или околностите. Таа сфаќа дека нејзиното време е исклучиво нејзина одговорност. Како резултат на тоа, таа никогаш не останува предолго во лоша врска, надевајќи се дека нештата ќе се сменат. Исто така не го ни обвинува бившиот дека ѝ го потрошил времето. Баш напротив, секоја пропадната врска ја гледа како добра лекција, и со секој крај е чекор поблизу до врската од нејзините соништа.

Прочитајте и кои се најголемите разлики помеѓу несигурните жени и оние со висока самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар