Здравствени придобивки од чајот од цимет

Здравствени придобивки од чајот од цимет

Чајот од цимет е богат со корисни својства кои имаат многу здравствени придобивки како слабеење, подобрување на работата на срцето, ублажување на менструалните грчеви, намалување на воспалението како и нормализирање на нивото на шеќерот во крвта. Во продолжение прочитајте кои се неговите здравствени придобивки.

Здравствени придобивки од чајот од цимет

1. Полн со антиоксидантски својства

Чајот од цимет содржи многу антиоксиданси кои се борат против слободните радикали. Слободните радикали ги оштетуваат здравите клетки и се главната причина за развој на болести како дијабетес, рак и срцеви заболувања.

2. Го намалува воспалението и ја подобрува работата на срцето

Истражувањата покажале дека циметот значително го намалува воспалението. Освен тоа, циметот може да го намали крвниот притисок, како и нивото на триглицериди и ЛДЛ (лош) холестерол кај некои поединци. Чајот од цимет може и да го подобри здравјето на вашето срце со отстранување на вишокот холестерол од крвните садови.

3. Го намалува шеќерот во крвта

Состојките во циметот придонесуваат за побрзо разградување на јаглехидратите и притоа го спречуваат зголемувањето на шеќерот во крвта особено по оброците.

4. Ја намалува телесната тежина

Чајот од цимет може да ви помогне да ги намалите телесните масти, но овој пијалак може да содржи и високи нивоа на кумарин. Оваа состојка, од друга страна, доколку се консумира прекумерно може да го зголеми ризикот од крвавење или да предизвика заболување на црниот дроб.

5. Ги уништува бактериите и габите

Циметот има силни антибактериски и антигабични својства. Според истражувањата, главната состојка на циметот го спречува растот на разни бактерии, габи и мувла. Освен тоа, циметот се препорачува и како средство во борба против лошиот здив.

Откако ги прочитавте здравствените придобивки од чајот од цимет, можеби сакате да прочитате и зошто диетата со цимет е моментално најпопуларна во светот.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар