Здраво и вкусно смуди со морков и банана

Здраво, вкусно и кремасто! Овој пијалак со вкус на морков и банана е полн со витамини, а за него ви се потребни само 7 состојки.

Здраво и вкусно смуди со морков и банана

Потребни состојки:

  • 1 голема замрзната банана
  • 1 мал сечкан морков
  • 1 урма (по желба)
  • 1/4 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка рендан ѓумбир
  • 1 морско оревче (по желба)
  • 120 до 240 милилитри млеко по избор
  • 1 ќесичка протеини од ванила (по желба)

За украсување:

  • рендан морков
  • кокосови струготини
  • ореви или семе од коноп

Начин на подготовка:

  1. Додајте ги бананата, урмата, морковот, циметот, ванилата, ѓумбирот, морското оревче, млекото и протеинот во блендер. Блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Додадете повеќе млеко ако е потребно.
  2. По вкус додајте повеќе цимет, ѓумбир или некој засладувач.
  3. Сервирајте како што е или украсете со рендан морков, кокосови струготини, ореви, семе од коноп или по ваш избор. Смудито можете да го оставите во фрижидер до 1 месец.

Пробајте го и ова кремасто смуди со кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар