Запознајте го Јордан Колевски, моден блогер и инстаграмџија со беспрекорен стил

Јордан Колевски е дипломиран новинар и магистер по менаџмент на човечки ресурси, кој работи во одделот за маркетинг во Аутомобиле СК. Но, тоа по што тој е познат е неговиот профил на Инстаграм, како и машкиот моден блог jordanstories.com. Тој сака да се дружи и да споделува среќа и насмевки со најблиските и пријателите, заљубен е во патувањата, естетиката и добриот изглед, и е голем зависник од Инстаграм. Прочитајте го нашиот разговор во продолжение и запознајте го подобро овој македонски инстаграмџија со одличен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JordanStories (@jordan_kolevski) on

1. Можеш ли да ни опишеш како изгледа твојата утринска рутина? И колку време ти е потребно за да го избереш твојот дневен аутфит?

Секое утро го започнувам на скоро идентичен начин, со дупло еспресо и цеден овошен сок. Додека го пијам кафето, најчесто читам интересни статии и најнови вести поврзани со светот, додека во позадина ми е пуштена тивка музика. По испиеното кафе и разбистрениот ум го отворам својот гардеробер и разгледувам што можам да облечам за тој ден.

Своите дневни комбинации најчесто ги правам согласно моето утринско расположение, дали сакам да импресионирам некого или да се скријам од светот. Најчесто мојот мозок е програмиран да размислува позитивно и затоа со мојот одличен избор на облека сакам да им го разубавам денот на сите луѓе во мојата средина на функционирање. Потребни ми се неколку минути за комбинирање на мојот аутфит и денот може да започне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JordanStories (@jordan_kolevski) on

2. Дали отсекогаш те интересирала модата или пак, станува збор за новооткриена страст? Исто така, што точно претставува модата за тебе?

Најтешко ми е да опишам нешто што е дел од мене и што ме претставува, и истото важи и за љубовта кон модата. Добриот стил е дел од самиот карактер, односно начинот на којшто се облекувате и ги комбинирате нештата на себе кажува многу за вашата личност. Најважно е тоа што вие сакате да го носите на себе и да се чувствувате убаво во истото.

Исто така, со мала доза креативност и автентичност можете секогаш да ја имате најдобрата модна комбинација. Кај нас повеќето од луѓето ги мешаат поимите „мода“ и „висока мода“, односно не разбираат дека не мора секогаш да имате на себе скапи или специфични парчиња облека за да би изгледале совршено и впечатливо. Најважно од сѐ е да имате сопствен израз по кој ќе бидете впечатливи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JordanStories (@jordan_kolevski) on

3. Како настана идејата да почнеш со моден Инстаграм профил каде што споделуваш и интересни мотивациски совети? Какво значење има ова за тебе?

Инстаграм е многу моќен медиум во комуникацискиот свет. Целата модна индустрија, јавните личности, компании, инфлуенсери, блогери и слично, се зависници од Инстаграм и неговата платформа. Со негова помош сите светски настани и новитети се доближени до сите нас.

Сè започна пред повеќе од 3 години, кога почнав да ги фотографирам моите дневни комбинации за на работа. Забележав дека на моите следбеници им се допаѓаат таков вид фотографии, и дека добив многу нови со помош на истата содржина. Едноставно сакав да споделам на Инстаграм каков аутфит имам направено тој ден, а со тоа да бидам нечија инспирација во размислувањето за креирање машка модна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JordanStories (@jordan_kolevski) on

4. Кој ги прави твоите фотографии? Потоа, колку време ти е потребно за да ги обработиш и да ги објавиш? И дали имаш омилен филтер на Инстаграм, како и некои хаштагови кои редовно ги користиш?

Кога станува збор за уличната мода, најчесто фотографиите ги правам сам или со помош на моите пријатели, со мојот мобилен телефон. Од друга страна пак, за својот моден блог имам соработувано со повеќе фотографи, меѓу кои се наоѓаат Миладин Паповиќ, Елена Фиданска и „Идеа Лаб“ продукција. Секој фотограф има различен поглед кон фотографијата и третирање на модната фотографија. Искуството е непроценливо и премногу забавно.

Фотографиите малку ги обработувам, па најчесто ги коригирам светлата, сенките и колоритот. Немам омилен филтер на Инстаграм, бидејќи најчесто употребувам апликации за корекција на фотографии. Во однос на тоа кој хаштаг најчесто го употребувам, би ги вбројал #fashion, #fashionpost , #keepgoing, #stayclassy… но секогаш согласно објавената фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JordanStories (@jordan_kolevski) on

5. Како би го опишал својот стил? Дали се држиш до одредена шема или пак, сакаш да експериментираш?

Мојот стил најдобро ме опишува мене. Сакам да експериментирам со парчињата облека, да употребувам колорит, да се држам до она што ми прилега и изгледа убаво на мене. Во модата нема правила, ниту шеми до кои што треба да се придружувате. Најважно е тоа да изгледа вкусно и пристојно. Доволно е само да бидете автентични во изборот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JordanStories (@jordan_kolevski) on

6. И за крај, каков совет би им дал на младите македонски модни блогери коишто сè уште се обидуваат да се пробијат на Инстаграм?

Совет за сите македонски модни блогери е да следат што прави модната индустрија, да бидат секогаш во тек со модните трендови, да црпат инспирација од светските модни блогери, да се образуваат во однос на позирањето за фотографирање преку различни Јутјуб едиторијали и да бидат упорни и свои. Добриот изглед никогаш не излегува од мода!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JordanStories (@jordan_kolevski) on

Прочитајте ги и модните совети од блогерката Теона Манго: Препознатливоста лежи во стилот, а не во трендот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар