Започнете го денот со крцкав зеленчук, индиски ореви и сладок чили сос

Започнете го денот со крцкав зеленчук, индиски ореви и сладок чили сос

Понекогаш сè што ви треба е само еден добар, но едноставен рецепт за здрав појадок

Потребни состојки (за 4 послужувања):
  • 300 грама шампињони
  • 1 мала главица кељ
  • 1 мала главица брокула
  • 2 средни моркови
  • 1 црвена пиперка
  • 1 свежа лута пиперка
  • 2 млади лукови
  • 50 грама индиски ореви
  • 3 чешниња лук
  • 3 сантиметри ѓумбиров корен
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 3 лажици масло од кикирики
  • 2 лажици оризово вино
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица сладок чили сос
  • Сол
  • Црвен пипер
Начин на подготовка:

Добро исчистете ги шампињоните, па исечкајте ги на поголеми парчиња и ставете ги во брашното. Тргнете ги настрана додека не го подготвите зеленчукот.

Исечете ги морковите на кругови, а од брокулата одвојте ги цветовите. Црвената пиперка прво исчистете ја а потоа исечкајте ја на коцки. Кељот исечкајте го на линии, а лукот и ѓумбирот на што поситни коцки. Лутата пиперка, заедно со младиот лук, исечкајте ги тенки плочки. Индиските ореви препржете ги на сува тава.

Загрејте го маслото од кикирики во длабока тава. Додајте ги исечканите лук, ѓумбир и лутото пиперче. Брзо промешајте па додајте ги сите останати зеленчуци. Пржете неколку минути, и постојано мешајте, сè додека зеленчукот не омекне. Потоа посолете, па додајте го сосот од соја, оризовото вино и слаткиот чили сос. Пржете неколку минути, односно додека сосот не почне да се згуснува. На крај, додајте ги младиот лук и препржените индиски ореви.

Уште еднаш добро измешајте, и послужете додека е топло.

Ви се допадна овој рецепт? Пробајте ги и овие печени домати со спанаќ и сирење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар