„Заборавив“ е „најскапиот“ збор што ќе го изговорите пред вашиот шеф

„Заборавив“ е „најскапиот“ збор што ќе го изговорите пред вашиот шеф

„Заборавив“ е најскапиот збор кој може да му го кажете на шефот, според експертот за подобрување на меморијата Џими Квик. Според него е можно да се зголемат деловните вештини и целокупната продуктивност преку подобрување на способноста за паметење бидејќи тој верува дека потенцијалот на човечкиот ум е во основа неограничен, а клучот е во тоа да го „отклучите“. Потенцијалот може да се развие преку вежби.

„Заборавив“ е „најскапиот“ збор што ќе го изговорите пред вашиот шеф

Затоа, за да паметите подобро, советува Квик, треба да започнете со тренирање на мозокот за тој да започне да работи како мускул. Еве 4 главни препораки за тоа како тој да се зајакне.

1. Тренирајте го мозокот

Ако не мислите дека вашиот мозок е мускул, веројатно мислите дека тој е чаша – и се чувствувате како тој да е преполнет со информации. Квик тоа го нарекува „дигитален потоп“. Нашите мозоци се стари околу 200 000 години и се целосно поплавени и пренасочени кон унапредување на технологијата.

За да ги вклучите во борбата против тоа, во вашиот распоред вметнете 30-минутен „бел простор“ што во никој случај нема да биде поврзан со технологијата. Исклучете ги сите непотребни известувања и запомнете го телефонскиот број на едно лице со кое редовно разговарате. Дури и таа мала задача може да ги тренира вашите мемориски мускули за обработка и задржување на повеќе информации.

2. Храната за мозокот нека стане дел од вашата редовна исхрана

Продуктите што би требало да ги консумирате за да го подобрите здравјето на мозокот се авокадо, боровинки, брокула, лиснат зеленчук, ореви, кокосово масло, јајца, куркума, лосос, темно чоколадо и многу вода. Повторувањето на тој список на состојки е уште една вежба за тренинг на мозокот. Ако ви е тешко да ги запомните, користете ја техниката „VSI“: Визуелизирајте го местото (V) каде нешто се наоѓа. Создадете слика (S) што оди заедно со него. Спојте ги двете компоненти (I).

Ако сакате да запомните дека боровинките се добра храна за мозок, замислете ги како ви излегуваат од носот. Според Квик, ако нешто ве насмее, ќе се сетите на него, додавајќи дека детскиот и разигран ум може да ви биде од голема помош. Тој тврди дека не попусто децата се најдобрите ученици.

3. Ослободете се од проблемите со спиењето

Ако можете да го истренирате вашиот мозок да се разбуди неколку моменти пред да се огласи вашиот утрински аларм, тогаш знајте дека мозокот е подготвен и за други активности додека спиете. Изберете проблем за вашиот мозок пред спиење и видете дали одговорот ќе ви се појави откако ќе се разбудите.  Дел од активностите за подобрувањето на меморијата, истакнува Квик, е и присетувањето на тоа што сте сонувале.

4. Престанете со негативните разговори

Хроничниот стрес буквално може да го направи вашиот мозок помал, покажува студијата од 2018 година на Американската академија за неврологија. Затоа, Квик ги препорачува методите за смирување, како што се медитацијата и длабокото прочистување на духот за да се ослободите од вознемиреноста. Тој, исто така, советува да ги „нагазите“ вашите „автоматски негативни мисли“. Тоа е фраза која ја смислил докторот Даниел Амен во раните 90-ти. Окружувајќи се себеси со „позитивна група врсници“, ќе си помогнете себеси во борбата со негативниот став.

Можеби сакате да прочитате и 3-те ситуации во кои пријателите ги даваат најлошите животни совети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар