12 приказни од жени со извонредна смисла за хумор

Дали некогаш сте забележале дека жените одлично раскажуваат приказни? Жените ги раскажуваат приказните така што тие звучат фасцинантно, интересно и многу смешно. Овие приказни се толку привлечни што ќе ве натераат да сакате да им ги пренесете на сите луѓе што ги познавате.

12 приказни од жени со извонредна смисла за хумор

„Кога бев дете, бев катастрофа од човек. Немаше ден без да се случи некаква несреќа. Но, она на што навистина добро се сеќавам е нешто што го направив кога јас и мајка ми отидовме во трговски центар. Прво, истрчав во стаклена врата и се слушна ужасна врева (за среќа, вратата не се скрши), а потоа кога влеговме во првата продавница, ѝ реков на мајка ми многу гласно: `Погледни ја оваа застрашувачка кукла!’ Но, таа кукла беше продавачката што стоеше замрзнато и изгледаше како да е пластична…“

„Кога маж ми кажа дека бара `вистинска жена’, ме фати паника затоа што јас не бев тоа што тој го бараше и не смееше да дознае за тоа.“

„Правев операција на забот и додека чекав такси за да си одам дома една мачка ме исплаши, а јас исплукав крв низ уста.“

„Пред еден месец, отидов кај моите родители во друг град и кога се вратив дома, насекаде наоѓав влакна од руса коса. Не му реков ништо на мојот сопруг, ги собрав сите свои работи додека тој сè уште беше на работа и се вратив кај моите родители. По 4 часа, сфатив дека ја бојадисав косата кафеава додека бев кај моите родители, а всушност сум русокоса. Повторно се вратив и му реков дека мајка ми ме замоли да останам подолго.“

„Бев во метрото и имав чанта со приврзок што изгледаше како вреќа со жолти топки внатре. Нешто се случи и топките паднаа и се истркалаа. Ме мрзеше да станам, па решив да ги соберам подоцна. Една минута подоцна, тие се стркалаа накај мене и јас ги собрав. Продолжив да седам таму. Една стара дама што виде што се случи веројатно мислеше дека сум вештерка.“

„Кога бев дете, моите родители ме предупредуваа дека мажите сакаат само една работа и затоа мора да внимавам. Јас имам 28 година и открив дека мажите сакаат само да спијат, да гледаат видеа и да јадат, a јас сакам само една работа.“

„Настинав, ми течеше носот и имав болки во грлото. Тотално го изгубив гласот. Мојот сопруг се шегуваше со мене и ми велеше: `Не му викај на твојот сопруг.’ Моите синови беа исти и велеа дека во последно време многу е тивко. Многу е жално кога сакате да кажете нешто паметно, но сè што можете да сторите е да шиштите како кобра. Па, кога ќе оздравам, ќе го вклучам караокето и ќе пеам песни од Аеросмит.“

„Кога бев дете, носев огромни очила, а на училиште, другите деца ми се смееја. Едно од децата што ме исмеваше беше многу дебело, но јас бев премногу учтива за да му го кажам тоа. За среќа, кога ме расплачи, учителката му ја кажа суровата вистина.“

„На мојот роденден, отидовме во кафуле со 2 пријатели. Јас сум фотограф и видов многу привлечна девојка која испадна дека е келнерка: кратка коса, згодна, тетоважи, пирсинг. Таа беше навистина слатка. Кога заминувавме, решив да ја поканам на фотосесија. `Еј, јас сум фотограф и навистина ми се допаѓа вашиот изглед. Сакам да видам дали сакате да направите фотосесија.’ Девојчето ме погледна шокирано и рече: `Всушност, јас сум маж. Се викам Тед.’“

„Кога бев мала, бев многу отворено дете и, како и сите деца, постојано ги учев фразите од возрасните. Еднаш, се вратив дома од училиште и ја замолив мајка ми да ми тури чај и таа, на шега, ми рече: `Сиромашните немаат слуги.’ Следниот ден, мојата учителка ме замоли да ја избришам таблата и секако дека знаете што ѝ реков. Но, таа не мислеше дека тоа е смешно и таа вечер, јас и мајка ми бевме во канцеларијата на директорот и сите тројца се смеевме. Мајка ми не ме казни.“

„Се возев во автобус со отворена врата и потоа возачот ја затвори.“
Патникот: „Остави ја вратата отворена, те молам. Овде е многу жешко.“
Возачот: „Што ако некој падне?“
Патникот: „Ќе платам за неговото лекување. Отворете ја вратата.“

„Денес видов една девојка во автобусот што гледаше во својот телефон и плачеше. Бидејќи неодамна раскинав со мојот дечко и бев тажна, решив да ја поддржам и ѝ реков: `Не плачи. Тој не вреден за тоа.’ Таа ме погледна намуртено и ми рече: `Што зборуваш? Го добив мојот нов распоред, имам 7 предавања секој ден.’ И продолжи да плаче уште повеќе. Тоа беше моментот кога сфатив дека моите проблеми всушност не беа проблеми и се чувствував многу подобро.“

Прочитајте ги овие 20 смешни изјави што децата ги кажале гласно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар