Возбудливи и инспиративни: Зошто треба да започнете љубовна врска со уметник?

Уметниците се извонредни луѓе кои не може да се опишат со зборови. Без разлика дали станува збор за сликар, музичар, писател или танчар, сите тие се привлечни и возбудливи. Секогаш ги замислуваме уметниците како големи романтичари и постои добра причина за тоа! Тие им ги покажуваат најскриените емоции на нивните партнери и им откриваат нови и непознати сензации.

Возбудливи и инспиративни: Зошто треба да започнете љубовна врска со уметник?

Нивната чувствителност, сензуалност и креативност во комбинација со љубовта ќе ги инспирира да создаваат таква уметност каква што можете само да си замислите. Започнете љубовна врска со уметник, бидејќи на тој начин секој ден ќе бидете нечија инспирација.

Започнете љубовна врска со уметник, бидејќи нивните портрети од вас ќе го прикажуваат секое делче од вашата душа, а не само вашиот физички изглед. Тие ќе ја насликаат на платно не само убавината на вашето лице, туку и убавината на вашиот карактер, а вие нема да можете да престанете да му се воодушевувате на тоа уметничко дело.

Започнете врска со уметник, бидејќи тие не се плашат да го кажат своето мислење и да ги искажат своите чувства. Тие ќе ве научат како да си го следите срцето, без оглед на сѐ. Ќе ја извлечат вашата емотивна и искрена страна иако на почетокот сте се обидувале да ги скриете вашите вистински чувства. Тие ќе ја разбудат онаа страна од вас што засекогаш ќе останела неоткриена да не сте се запознале.

Започнете врска со уметник бидејќи никогаш нема да ви недостасува страст во животот. Без разлика дали станува за страст во сексот, работата, љубовта или бракот, уметниците зрачат со нескротлива страст. Водењето љубов со уметник е незаборавно и незаменливо. Не постојат зборови што можат да го опишат тоа искуство. Ќе мора да го доживеете за да се уверите во тоа и самите. Уметниците водат љубов исто како што создаваат уметност. Водењето љубов со нив е размена на енергии.

Вљубете се во уметник, бидејќи врската што ќе ја остварите нема да биде слична со ниту една друга претходна врска. Нема да се прашувате дали нивните чувства кон вас се вистински, бидејќи тие секојдневно ќе ви ја искажуваат нивната љубов и нема да ви остават простор за сомнеж. Ќе ве вивнат високо во облаците и ќе ве обожаваат со сето нивно битие.

Возбудливи и инспиративни: Зошто треба да започнете љубовна врска со уметник?

Започнете врска со уметник, бидејќи тие секогаш ќе ги споделуваат нивните дела и успеси со вас. Вие ќе бидете личноста што најмногу им значи и вие први ќе дознаете за најновото ремек-дело. Пејачите ќе направат да се чувствувате посебно на тој начин што ќе ви дозволат вие први да го прочитате текстот за најновата песна инспирирана токму од вас. Потоа ќе ја чуете на радио и ќе знаете дека вие први сте ја слушнале, ќе знаете дека е напишана само за вас.

Писателите ќе ви ги откријат длабочините на нивниот ум преку зборовите што ќе оживуваат додека ги читате. Нивните зборови ќе направат вашето срце да чука во поинаков ритам, ќе се чувствувате како да се наоѓате во друга димензија и ќе ги разбудат вашите емоции за кои сте мислеле дека исчезнале поради потешкотиите од минатото.

Започнете љубовна врска со танчар, бидејќи тие ќе ви раскажат приказна преку нивните движења. Ќе ве движат со елеганција, емоција и нежност. Ќе ви се чини дека секој нивен чекор ви изјавува љубов. Секогаш ќе се чувствувате исполнето, бидејќи на уметниците најмногу им значи мислењето на саканите.

Започнете врска со уметник, бидејќи тие ќе ви покажат толку голема љубов што ќе можете да се запознаете со најдобрата верзија од себе. Ќе ви покажат зошто се издвојувате од останатите и ќе ве научат дека покажувањето емоции и чувствителноста не се слабости, туку силни страни.

Врската со уметник можеби ќе биде најдобрата одлука што сте ја донеле во животот, бидејќи тие ќе бидат искрени кон вас и светот, а тоа е една од најретките особини што можат да се најдат кај луѓето. Нивната искреност ќе ви даде чувство на стабилност и спокој во срцето, и покрај тоа што нема да можете да објасните што ви се случува.

Започнете љубовна врска со уметник, бидејќи тие ќе ви го отворат срцето толку широко што вашата љубов ќе стане видлива за сите луѓе околу вас. Таквата искрена и гласна љубов секогаш може да се забележи уште од далеку, колку и да се трудите да ја игнорирате.

Прочитајте ги и овие 11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар