11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател

11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател

Сите знаеме дека на општеството му се потребни писателите. Да не постоеја тие, вие сега ќе го правевте она што цело време го одложувате, наместо да ја читате оваа статија, на пример! А на писателите потребно им е да бидат во врска за да можат да ги искусат оние катаклизмични раскинувања кои ќе ги инспирираат за нивната наредна голема поема. Ако сѐ уште се двоумите дали да почнете врска со некој писател, ова се 11-те причини кои ќе ви докажат дека тоа е дефинитивно најдобрата одлука што можете да ја донесете…

11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател

1. Писателите ќе пишуваат работи за вас

Не гледајте на тоа како крадење на вашите лични детали од животот и нивно објавување во јавноста преку искрена статија за вашата врска. Гледајте на тоа како заем на деталите од вашиот приватен живот. Како да ви оддаваат почит. Во секој случај, тие веројатно ќе ви се оправдаат за тоа преку слатко љубовно писмо или есејска СМС порака на која нема да можете да одолеете.

2. Знаат да лажат

Писателите на некој начин лажат за да преживеат. Можеби го сметате лажењето за негативна особина, но можеби би требало да бидете со некој кој знае да излаже кога треба. Тие ќе бидат способни да ги сокријат изненадувањата за вашите родендени и со сериозен израз на лицето да ги гледаат фотографиите од новата смешна фризура што сакате да ја направите. Но, тие нема да ве лажат за големи работи, бидејќи нивниот инстинкт да напишат искрена објава за тоа што им се случува е едноставно посилен од нив.

3. Писателите не се „скапи за одржување“ и лесно можете да ги залажете

На писателите не им треба скап накит, бидејќи тие и онака носат само пижами или свилени ноќници. Можете лесно да ги прелажете дека празните дневници, бележници за книга и убавите пенкала се прифатлив подарок за вашата годишнина. И бидејќи повеќето писатели воопшто не се заморуваат со материјалните нешта, ќе бидат презадоволни ако им направите кафе или им купите шише вино од блиската продавница. За возврат тие ќе ви возвратат со голем број рачно изработени подароци.

4. Лесно е да ги прогонувате на Интернет

Повеќето писатели имаат 2 или 50 примероци од нивните текстови кои се скриени некаде во темната страна на Интернетот. Воопшто не е тешко да го пронајдете нивниот блог од средно или поезијата која ја напишале некогаш во белешките на Фејсбук, па заборавиле да ја избришат. Не велиме дека уцените треба да бидат дел од една здрава врска, но добро е да знаете дека имате опции ако дојде до такво нешто.

11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател

5. Ќе ве поддржат во сите ваши сомнителни животни одлуки

Кога ќе почнете врска со писател, имате гарантиран навивач кој ќе ве поддржи во секоја луда и бесмислена идеја што ќе ви дојде на памет. Тие ќе ги охрабрат сите ваши креативни изливи. Никогаш нема да ви кажат да си најдете вистинска работа или да се откажете од вашите соништа за нив. Тие разбираат дека неуспехот е нормален дел од животот. Секогаш ќе ви помогнат повторно да застанете на нозе и да најдете некоја уметничка пасија на која ќе го потрошите целото ваше време и богатство.

6. Добри се за комуникација

Па, зависи од тоа како го дефинирате терминот „комуникација“. Ако сте заинтересирани за долги пораки во секоја доба од денот или ноќта, бескрајни монолози и дебати поврзани со книжевноста, никогаш нема да ви биде здодевно. Многу писатели се срамежливи во јавноста (бидејќи не се навикнати на сончева светлина и други луѓе, нели), но веднаш штом ќе почнете разговор на тема која ги интересира, нема да можете да ги сопрете.

7. Читањето е секси

Секој добар писател е и добар читател, а читањето е секси. Плус, писателите сакаат да зборуваат за она што го читаат. И тие сакаат да ги споделуваат нивните омилени автори со нивната омилена личност (тоа сте вие). Исто така, тие со задоволство ќе ги прочитаат и вашите омилени книги за да можат да ги запознаат ликовите во кои се пронаоѓате.

8. Флексибилни се

Флексибилни во смисла на работа и распореди. Повеќето писатели се занимаваат со еден куп работи покрај пишувањето, бидејќи мораат да заработат некако. Но, секогаш имаат контрола врз тоа како го поминуваат времето. Тие без проблем можат да отидат на долг ручек со вас или да отпатуваат во Шпанија, во зависност од тоа колку си ја сакаат нивната постојана работа.

11 причини зошто треба да бидете во љубовна врска со писател

9. Имаат слаб допир со реалноста

Ако имате барем одреден степен на стабилност во вашиот живот, тие ќе мислат дека вие живеете средено и како што треба. Тие секогаш ќе ве сметаат за комплетни и ќе се воодушевуваат на вашата организираност. Но, имаат и еден куп креативни идеи за тоа како да си ги направат работите забавни, без разлика на тоа што работат и што прават. Всушност, тие одлично се снаоѓаат во својот хаос и не би ни можеле да функционираат поинаку.

10. Дури и да раскинете, ќе добиете неколку прекрасни приказни

Кога сте во врска со писател неминовно е дека ќе ви се случуваат неверојатни работи, кои со задоволство ќе ги прераскажувате и по прекинувањето на врската. Врските на писателите ретко успеваат, но бидете сигурни дека ќе имате неколку одлични приказни за раскажување, како и еден куп лути текстови и поезија со кои ќе можете да се пофалите дека се напишани токму за вас.

11. Многу се страсни

Писателите имаат многу чувства. Ним им се потребни овие чувства за да ги напишат сите тие лични текстови и експериментални дела. Но, обично им останува дел од таа емоционална енергија која сакаат да ја посветат на романсата, затоа што писателите пред сѐ се многу страсни. Страсни се за нивната дела, за делата на други автори, за храната која може да се подготви брзо со минимално готвење и за луѓето кои ги сакаат. Ако имате среќа да се заљубите во некој кој пишува, бидете сигурни дека ве очекува неверојатна страст и искрена романса каква што можете само да си замислите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар