Дневна доза оптимизам: 9 цитати за мудроста и знаењето

Оптимизмот и позитивното мислење треба да бидат дел од сечие секојдневие. Кога вашата глава е исполнета со мисли на среќа, радост, задоволство и самодоверба, вие сте најдобрата верзија од себе којашто можете да бидете, а со тоа сте ја совладале и животната мудрост и цел. Во тој контекст, прочитајте ги овие 9 цитати за мудроста и знаењето кои треба редовно да се повторуваат.

Дневна доза оптимизам: 9 цитати за мудроста и знаењето

„Она што го сака, мудрецот го бара во себе. Простиот човек тоа го бара кај другите.“ – Конфучиј

„Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци поминати во учење од книги.“ – Кинеска поговорка

„На паметниот човек скоро сѐ му е смешно, а на мудриот скоро ништо.“ – Гете

„Подобро да разберете малку, но точно, отколку многу, но грешно.“ – Анатол Франс

„Мудроста е ќерка на искуството.“ – Леонардо да Винчи

„Разумните одат на сѐ подобро, а неразумните или остануваат како што биле или ако не се подобрат, одат на сѐ полошо.“ – Доситеј Обрадович

„Тој што ги познава другите е бистар. Тој што се познава себеси е мудар. Тој што ги победува другите е силен. Тој што се победува себеси е моќен. Тој што си е доволен на самиот себеси е богат. Тој што ја зачувува положбата е трпелив. Тој што не ја губи свеста во смртта продолжува да живее.“ – Лао Це

„Победата над стравот е почеток на мудроста.“ – Бертранд Расел

„Никогаш човекот не може да каже толку многу мудрости, колку што може да премолчи лудости.“ – Јован Дучиќ


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар