Водич за мажи: 4 нешта кои секоја девојка посакува да ги чуе на првиот љубовен состанок

Водич за мажи: 4 нешта кои секоја девојка посакува да ги чуе на првиот љубовен состанок

Првите состаноци најчесто наликуваат на интервјуа за работа. Вие не можете да ја најдете сродната душа ниту пак, платата доколку не поминете низ запознавањето. Па, доколку сакате да поминете одлично на првиот состанок, тогаш погледнете го овој водич за мажи. Без разлика дали еден ден навистина ќе се венчате и ќе имате деца, овие правила можат многу да ви помогнат да добиете втор, па дури и трет состанок со оваа девојка. Понатаму сè зависи од вас…

Водич за мажи: 4 нешта кои секоја девојка посакува да ги чуе на првиот љубовен состанок

1. „Многу ми се допаѓа (завршете ја реченицава со парче облека, фризура, тетоважа, шминка…)“

Кога прв пат ќе ја видите девојката, дадете ѝ комплимент. Пофалете ја алката што ја носи, палтото или пак, синото моливче за очи. На тој начин уште во првата секунда од вашата средба ќе ја освоите. Но, исто така бидете и џентлемени и држете си ги рацете покрај вашето тело. Ќе има многу време за допири откако ќе започнете со посериозна врска.

2. „Зошто го велиш тоа?“

Оваа девојка е исто толку паметна, забавна и речита, колку што е и убава. Откријте нешто повеќе за неа така што ќе ѝ поставувате подетални прашања и внимателно ќе ги слушате нејзините одговори. Можеби на момент ќе се почувствувате како терапевт, но верувајте тоа е добар знак. Колку повеќе прашања ѝ поставите, толку повеќе таа ќе ви се отвори и ќе ѝ се допадне вашата карактеристика да слушате.

3. „Ти си премногу добра во тоа.“

Никогаш не заборавајте да ја пофалите нејзината интелигенција. Тоа е како издвојување на нешто што не е толку очигледно, па токму затоа и таа брзо ќе помисли дека ги забележувате нејзините позитивни карактеристики. Тоа е нешто што без сомнение ќе ја замисли. Доколку влезете во нејзината глава, со сигурност ќе си отворите пат и до нејзиното срце.

4. „Да ти кажам искрено…“

Ниту еден состанок не смее да помине без завршувањето на оваа реченица. Доколку ја употребите, таа ќе помисли дека сте го спуштиле вашиот штит и дека сте ѝ дозволиле да погледне во таен аспект од вас. Тоа без сомнение е нешто на кое сите жени паѓаат. Но, исто така имајте на ум и дека сепак сте на прв состанок, па воздржете се од најдлабоките нешта и почнете од нешто што е доволно силно за да ја заинтересира, но и доволно лесно за да не ја избрка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар