7 клучни чекори за оваа сезона да се заштитите од грип

Грипот значи различни нешта за различни луѓе. За оние кои имаат одлично здравје, оваа сезонска болест најчесто е само една блага нервоза, но за оние кои имаат намален имунитет, многу лесно може да се претвори во ситуација на живот или смрт. Токму затоа погледнете ги следниве 7 клучни чекори кои ќе ви помогнат да останете здрави и да го намалите ризикот од ширење на болеста за време на сезоната на грип.

7 клучни чекори за оваа сезона да се заштитите од грип

1. Примете вакцина за грип

Вакцината за грип е еден од најлесните и најважните начини да останете здрави за време на оваа сезона. Таа не е совршена, бидејќи производителите не можат однапред да предвидат кои видови од оваа болест ќе бидат најактивни, но сепак може значително да ви ги намали шансите за разболување. Бидејќи грипот може да биде особено смртоносен за малите деца и постарите, многу е важно тие да ја добијат својата вакцина, како и сите кои имаат редовен контакт со нив.

2. Мијте ги вашите раце

На рацете се собираат голем број бактерии во текот на денот, особено кога се ракувате со други луѓе или пак, допирате кваки. Многу е важно да ги миете вашите раце редовно со топла вода и сапун за да го намалите ширењето на болеста. Потребни се само 30 секунди миење со цел соодветно да ги отстраните сите бактерии кои можат да ви наштетат.

3. Избегнувајте да го допирате вашето лице

Кожата прави одлична работа при одржувањето на бактериите надвор од вашето тело. Но, допирањето на лицето им овозможува шанса на овие бактерии да го најдат својот пат во вашето тело преку очите, носот и устата. Токму затоа време е да престанете со оваа навика која игра огромна улога при одржувањето на здравјето за време на сезоната на грип.

4. Избегнувајте ги болните луѓе

Колку што можете, избегнувајте директен контакт со кој било болен. Ова е понекогаш тешко да се направи, особено кога станува збор за наставници или доктори, но многу е важно да го сведете контактот на минимум. Оние кои имаат најголем проблем со имунитетот, треба да размислат и да носат маска со цел да се заштитат.

5. Грижете се за себе доколку се чувствувате лошо

Без разлика колку внимавате, понекогаш сепак се разболувате. Кога тоа ќе се случи, многу е важно да останете дома со цел да избегнете да ги инфицирате останатите. Сè додека вашата состојба не се подобри, не одете на работа или на училиште. Дехидрацијата игра огромна улога кај грипот, па затоа погрижете се и да пиете многу течности.

6. Кивајте или кашлајте во внатрешноста на лакотот за да ги задржите бактериите

Со кивањето вие можете да плукнете бактерии и до 60 метри оддалеченост, па токму затоа е многу важно да ги задржите. Доколку кивате во вашите дланки, вие повторно ризикувате да ги пренесете понатаму кога ќе допрете нешто или некого, па затоа е и најдобро да кивате во внатрешноста на вашиот лакт.

7. Погрижете се да ги пиете соодветните медикаменти

Инфлуенцата е вирус, што значи дека антибиотиците нема многу да ви помогнат. Сепак, постојат антивирали кои можат да ви помогнат да го третирате грипот. Посетете го вашиот доктор со цел да откриете кои се најдобрите за вас и земете ги на рецепт.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар