Во новата сезона со нови здрави навики: Cок од целер

Ако размислувате за детоксикација или воведување неколку нови навики во вашата дневна рутина, сокот од целер е она за што сите зборуваат во последниве години.

Во новата сезона со нови здрави навики: Cок од целер

Сè започна со книгата Medical Medium, од Ентони Вилијам. Овој бестселер лекувал голем број луѓе, а неговиот автор се смета за медиум, оној што прима пораки од рана возраст и со тоа ги лекува луѓето со совети. Ако ја оставите таа приказна настрана, сокот од целер, како и моќта на храната, игра многу моќна улога во нашите животи. А целерот е една неверојатна храна што првично ќе ве исчисти од токсини и ќе има позитивен ефект врз вашиот црн дроб.

Сокот од целер е многу лесен за правење, ќе ви треба соковник или блендер. Препорачливо е да го пиете на празен стомак наутро. Едноставно, изблендирајте го и процедете го, а доколку не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете и малку јаболко.

Сокот од целер:

  • го чисти црниот дроб
  • помага во лекување на автоимуни заболувања
  • делува антиинфламаторно
  • го детоксицира телото
  • помага при дијабетес
  • покренува серотонин
  • богат е со витамин Ц, калиум, витамини Б2 и Б6, влакна, железо, фолна киселина, магнезиум

Прочитајте кои 7 видови храна што не треба да ги чувате во фрижидер повеќе од 24 до 48 часа по подготовката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар