Внимавајте: 3 опасности кои се кријат во коцките мраз

Летото е период од годината кога речиси секојдневно се користат коцки мраз за разладување на пијалаците. Но, дали знаете дека во тие мали коцки кои се создаваат во автоматите за мраз се кријат многу „загадувачи“ кои можат да му наштетат на нашето тело? Иако луѓето со здрав имунолошки систем се отпорни на тие бактерии, микробиолозите посочуваат дека треба да се внимава, затоа што не е познато какво влијание можат да имаат на подолгорочен план. Прочитајте ја листата од најчестите опасности кои се кријат во студените, проѕирни коцкички.

(1) Внимавајте: 3 опасности кои се кријат во коцките мраз

1. Во апаратите за мраз се акумулираат бактерии

Ова се случува во процесот на замрзнување и настанување на мразот. Апаратите кои се користат за производство на коцки мраз, ретко се третираат како и останатите кујнски апарати и не се чистат редовно, поради тоа што луѓето мислат дека не се извалкани затоа што во нив се става само вода. Но, тоа е сосема погрешно и затоа треба темелно да се чистат.

2. Најголем виновник за загадувањето е мувлата

Иако ниските температури ретко поттикнуваат создавање мувла, доаѓа до проблем доколку автоматот за мраз често се исклучува од струја. Тогаш доаѓа до растопување, насобирање влага и на крај, создавање на мувлата. Автоматите за мраз задолжително треба да се исчистат пред употреба, особено ако долго време биле неупотребувани.

3. Бактериите ја сакаат и лопатката за земање мраз

Доколку шанкерот ја фати лопатката со неизмиени раце и потоа веднаш се врати назад, бактериите од неговите раце преминуваат во апаратот, а оттаму и директно во мразот. Истото важи и во домашни услови при вадење на мразот од замрзнувачот. Секогаш претходно добро измијте ги рацете, затоа што колку и да изгледа тешко остварливо, мразот може да биде предизвикувач на зараза.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар