Колач без грешка: Лесно се подготвува, а вкусот е фантастичен!

Убаво е во секое време да имате некој домашен колач или десерт, но во жешките денови ретко кој се одлучува со часови да стои во кујната и да подготвува торти и колачи. Но, кој вели дека секое вкусно слатко бара многу време. Ви нудиме рецепт за еден многу брз, но едноставно неодолив колач кој се подготвува од неколку продукти кои најверојатно веќе ги имате во вашите кујнски шкафчиња и во фрижидерот.

(1) Колач без грешка: Лесно се подготвува, а вкусот е фантастичен!

Потребни состојки:
  • 500 грама мелени бисквити
  • 200 грама шеќер
  • 2 лажици густин
  • 1 литар млеко
  • 5 јајца
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 4 банани
Начин на подготовка:

Во тенџере сипете го речиси целото количество млеко, па додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа загрејте ги на рингла. Одвојте ги белките од жолчките. Потоа жолчките додадете ги во посебен сад, каде што претходно сте го сипале малото количество млеко кое го оставивте на почетокот. Кај жолчките додадете го густинот и измешајте. Додајте ја оваа смеса во тенџерето со млеко и шеќер и мешајте непрекинато.

Варете додека смесата не се згусне и потоа тргнете ја од ринглата. Во тенџерето додадете ги смелените бисквити и соединете ги со мешање. Половина од смесата префрлете ја во калап за торта. Одозгора наредете банани исечкани на крукчиња, а потоа врз нив распоредете ја преостанатата смеса. Вака подготвениот колач оставете го добро да се излади, а потоа извадете ја страничната страна од калапот. Можете да декорирате со шлаг и исечкани банани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар