5 начини да ја поттикнете емоционалната интелигенција кај вашите деца

5 начини да ја поттикнете емоционалната интелигенција кај вашите деца

Голем број родители, денес, најмногу го фокусираат своето внимание во развојот на академската интелигенција кај своите деца. Но, дали сте забележале колку време поминувате со вашето дете во активности кои ја развиваат неговата емотивна интелигенција? Да, вашето дете знае одлично да чита, иако можеби сè уште не оди на училиште, но дали може да се справи со фрустрациите и разочарувањата без притоа да го доживее тоа како пораз? Дали остварува добра врска со останатите деца и возрасни и дали знае лесно да одржи здраво пријателство?

(1) 5 начини како да ја поттикнете емоционалната интелигенција кај своите деца

Емоционалната интелигенција е способност да се разберат сопствените чувства, да се воспостави врска со нив и да се разбираат емоциите, како личните, така и туѓите. Тоа е клучна животна вештина која што на детето му овозможува да функционира во животот, како во сегашноста, така и во иднината. Постојат четири главни области од емоционалната интелигенција, кои што можат да се искористат во поттикнување на социјалната доверба кај децата и да го зголемат коефициентот на нивната интелигенција.

1. Учете ги како да ги забележуваат своите емоции и емоциите на другите

За да ги разбереме емоциите, главно е да знаеме да ги откриеме преку говорот на телото и фацијалната експресија, како и да ги слушаме вербалните знаци. За да им помогнете на децата во развивањето на оваа вештина можете:

  • Да набавите книги и игри кои демонстрираат различни експресии на лицето. Преку играта поставувајте им прашања: „Каква емоција покажува оваа слика?“ или „Што мислиш, што чувствува оваа личност?“.
  • Посочете на одредена емоција која сте ја забележале кај некој од вашите пријатели, кај вас или кај вашето дете. На пример, „Мислам дека Сара беше тажна денеска. Забележа дека цело попладне таа седеше тивко и си играше сама?“
  • Зборувајте за тоа како се чувствувате. Кога децата ќе ги забележат вашите емоции, особено тагата, не брзајте да им кажете „Добро сум“, туку речете им „Да, тажен/тажна сум. Благодарам што забележа“.

2. Помогнете им да сфатат дека секогаш има голем избор на емоции

Кога децата се свесни за своите емоции, тие истовремено развиваат неверојатни алатки за донесување одлуки. Секако и оваа вештина можете да ја развиете со забележување и разговор. Кога децата треба да донесат одлука, потрудете се вие да не им давате совет. Наместо тоа, помогнете им да ги оценат своите можности врз основа на своите чувства. Тоа може да го поттикнете со прашањата „Како би се чувствувал/а доколку ја одбереш оваа можност?“ или „Дали другава можност би придонела да се чувствуваш подобро или полошо?“.

3. Помогнете им да ја сфатат приказната што се крие зад емоциите

Што е вистинската причина за нечие чувство? Тоа е тешко прашање. Затоа научете ги децата.

  • Создадете приказна за целосни странци, додека со вашето дете чекате во ред. Разговарајте за тоа што мислите, како одредени луѓе се чувствуваат во дадената ситуација. Секако тоа зборувајте го тивко, без да ги вознемирувате останатите околу вас.
  • Кога вашите деца ги прифаќаат туѓите реакции лично, помогнете им да си создадат друга перспектива. „Знам дека дедо ти синоќа звучеше нервозно, но мислам дека не ти беше лут на тебе. Се прашувам зошто така се однесуваше?“.

4. Научете ги да станат одговорни за контролата на личните емоции

Животот е полн со различни емоции, а контролата врз нив и вештината за управување со нивната честа промена може да биде многу тежок предизвик. Затоа уште од мали, научете ги своите деца дека единствено тие се одговорни за емоциите кои се развиваат во нив и само тие можат да управуваат со нив.

  • Разговарајте преку примери на брза промена на емоциите и секогаш завршувајте со прашање или констатација како да се реши тоа.
  • Искористете некои примери. На пример, кога ќе се изнервирате, преземете ја одговорноста за таквата реакција и извинете му се на вашето дете колку што е можно побрзо. Укажете му на детето дека некогаш е потребно многу малку за човек да ја изгуби контролата над своите чувства. Објаснете му дека реакцијата е нормална и брза, но и дека секогаш може да се работи на менување на начинот на кој ние реагираме.

5. Најважното! Разговарајте постојано за вашите емоции

Редовните разговори за емоциите треба да бидат толку чести, како и секојдневното прашање „Како си помина на училиште?“. Колку повеќе им помагате на децата да ја развијат оваа вештина, толку порано ќе ги подготвите за реалните ситуации во секојдневниот живот и да станат лични експерти за емоционална интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар