5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцето

Кога станува збор за романтични подароци, многу момци не знаат баш најдобро да се снајдат во изборот, кој би направил девојката да полета од среќа. Затоа, кога се наближуваат годишнините од врската, момците ги фаќа паника околу прашањето каков подарок да изберат за својата сакана. Не е мал бројот на оние кои сметаат дека треба да дадат цело богатство за да ја импресионираат партнерката. Но, запомнете, вистинската љубов не се мери со пари и таа е сосема бесплатна. Да се биде романтичен не значи дека треба да се фрлаат илјадници денари. Затоа, ви нудиме неколку едноставни, но прекрасни подароци кои ќе го стоплат срцето на секоја девојка.

(3) 5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцето

1. Дизајнирате календар, перниче, модни додатоци

Ова е една идеја за која многумина не помислуваат многу често, но покажува големо внимание и посветеност. Денес е многу лесно преку голем број веб-сајтови да дизајнирате фотографии кои ќе го отсликуваат времето во кое сте започнале да се забавувате, нејзиниот роденден или слични прекрасни заеднички моменти и нив да ги поставите како позадина на календар. Но, не застанувајте единствено на календар. Личниот печат од вашата девојка можете да го поставите на најразлични модни додатоци, ќебиња, перничиња, рамки за слики. Сè што укажува дека тој предмет е уникатен и специјално направен за неа, таа ќе го доживее како нешто магично.

2. Изненадете ја!

Секоја девојка сака изненадувања. Еве на пример за годишнината којашто ви следува, украсете го креветот со ливчиња од роза, надувајте 12 балони и на нив залепете фотографии од најубавиот момент што сте го овековечиле во месеците зад вас. На секоја фотографија запишете по некоја романтична порака и искрена емоција и ќе го добиете најубавиот подарок за вашата девојка. Можете да ја пуштите фантазијата да работи и да смислите илјада начини како да го уредите овој уникатен подарок.

(2) 5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцето

3. Смислете авантура и пикник во природа

За ова изненадување ви се потребни само кошница со вино, две чаши, омилената закуска на вашата девојка и секако убаво црвено, карирано ќебе или чаршав. Можете од претходно да смислите некое убаво, романтично и тивко место во блискиот парк, на планина или можеби на плажа. Таму, под отворено небо, може да се релаксирате и да се потсетите на најубавите моменти во изминатите месеци или години. Верувајте, девојката по тој прекрасен и едноставен пикник, ќе се вљуби во вас повторно.

4. Напишете ѝ писмо или љубовна картичка

Можеби не сте Шекспир, но не грижете се, таа веќе го знае тоа. Понекогаш, момците кои не се баш најдобри во пишаниот збор, кога ќе се потрудат да ги стават своите чувства на лист хартија, знаат да направат чуда. Затоа, не двоумете се! Ако ви е тешко да ги искажете своите емоции и вербално и преку пишување, охрабрете се. Со самото тоа што сте се обиделе да напишете неколку искрени реченици, вие веќе сте ја растопиле својата сакана. Тоа ќе ѝ покаже дека навистина давате сè од себе да ја направите среќна, а нема подобар подарок од тоа за секоја девојка.

(1) 5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцето

5. Подарете ѝ ѕвезда

Знаете ли дека за малку пари може да именувате некоја ѕвезда по вашата девојка. Тоа е навистина романтично, затоа што на тој начин во буквална смисла ќе ја реализирате познатата љубовна фраза „Тој ѝ симнува ѕвезди“. За тоа повеќе информации можете да најдете на голем број веб-сајтови. Исто така, не мора да трошите многу финансии на скапи часовници, чанти, чевли… Тие пари донирајте ги во некоја од хуманитарните организации. Кој вели дека кавалерите повеќе не постојат. Единствено што ви треба е малку да размислите и да ја побарате вистинската идеја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар