Вкусно смуди со јагоди што помага при слабеењето

Вкусно смуди со јагоди што помага при слабеењето

Јагодите полека, но сигурно почнуваат да ги полнат полиците во продавниците, па затоа е добро време да започнеме да ги воведуваме во секојдневната исхрана. Придобивките од јагодата како храна се навистина многубројни, од фактот дека е богата со антиоксиданси и хранливи материи, а освен што е здрава храна, лесно можете да ја вметнете во многу десерти, но и пијалаци кои помагаат во борбата против вишокот килограми!

Вкусно смуди со јагоди што помага при слабеење

Грижата за правилна исхрана е секако најпредизвикувачкиот дел од секоја приказна за фитнес, особено ако обожавате слатки. Желбата за слатки најдобро се надополнува со овошје, особено со храна што е малку калорична, како што се јагоди. Ова значи дека можете да уживате во нив колку што сакате, без да чувствувате страв дека ќе добиете вишок килограми. Иако навистина можете да вклопите јагоди во скоро секој десерт на кој можете да помислите, тие ги покажуваат своите придобивки во исхраната како пијалак за детоксикација во варијанта на смуди, па затоа издвоивме еден таков рецепт!

Потребни состојки:

  • грст млади листови спанаќ
  • околу 10 јагоди
  • една банана
  • еден портокал
  • 250 милилитри бадемово млеко 
  • 50 гр семе од чиа

Начин на подготовка:

Како и со секое смуди, подготовката е многу едноставна. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте ги додека не постигнете фина текстура. Овој вид пијалак е одличен за појадок или оброк пред тренинг, а исто така е добра идеја да го имате при рака оние денови кога има голема желба за благо!

Прочитајте и зошто обратната диета е моментално најпопуларна во светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар