Вкусни мафини со крцкави лешници

Вкусни мафини со крцкави лешници

Брз десерт за празнична гозба

Вкусни мафини со крцкави лешници

Потребни состојки:
  • 125 г путер
  • 125 г шеќер
  • 30 г брашно
  • 100 г рикота сирење
  • 125 г печени мелени лешници
  • 4 јајца
  • 3 лажици чоколаден крем
Начин на подготовка:

Путерот изматете го пенесто заедно со шеќерот. Почнете да ги додавате жолчките, една по една, а потоа додадете го и брашното, мелените лешници и рикотата, па матете уште некоја минута. Белките изматете ги во цврст шлаг и измешајте ги со претходната смеса.

Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови, спремете ги калапите за печење, во нив поставете хартиени корпички и наполнете ги две третини со смесата. Печете 20 минути, а откако ќе бидат готови намачкајте ги со крем и наросете малку мелени лешници.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.