Вкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокос

Вкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокос

Можете ли да го замислите летото без кокос? Ако ви се допаѓа вкусот и мирисот на кокосот во комбинација со чоколадо, пробајте го овој рецепт за вегански и без глутен коцки од кокос.

Вкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокос

Потребни состојки:

За темна кора:

  • 80 грама мелени ореви
  • 80 грама мелена овесна каша
  • 10 свежи урми
  • 7-10 лажици вода
  • 1 полна лажица какао

За светла кора:

  • 50 грама мелена овесна каша
  • 25-30 грама кокосово брашно/рендан кокос
  • 1 зрела банана
  • малку вода

За глазура:

  • 30-40 грама чоколадо
  • малку масло
  • кокос

Начин на подготовка:

1. Оставете ги урмите да отстојат во топла вода околу 20 минути. Потоа исчистете ги, додадете 7 лажици вода и добро сомелете ги. Додадете ги јаткастите плодови, овесната каша и какаото, па соединете. По потреба додадете уште малку вода за да добиете компактна, но цврста смеса. Добиената смеса префрлете ја во сад со хартија за печење.

2. За посветлата кора, измешајте ги овесната каша, бананата и кокосот во процесор за храна, додадете една лажичка вода (само додека не се соединат сите состојки) за да добиете кремаста текстура. Нанесете ја смесата врз темната кора. За глазурата растопете го чоколадото на пареа, со додавање на неколку капки масло. Прелијте го колачот со чоколадо, посипете со кокос и ставете го во фрижидер да отстои неколку часа. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и овој домашен рецепт за кокосово млеко.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар