На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретроградната фаза на Нептун?

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретроградната фаза на Нептун?

Ретроградната фаза на Нептун се случува секоја година и трае околу половина година. Нептун е планетата на илузии, соништа и фантазии, а кога се движи ретроградно, ја губи својата моќ – што значи дека сите илузии што ги имавме ќе се срушат, оставајќи ни повеќе јасност до крајот на годината. Овој период всушност ќе ни овозможи да ги тргнеме розовите очила што ги носевме во првата половина од годината и ќе нè охрабрат да направиме промени таму каде што е потребно.

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретроградната фаза на Нептун?

Како што влијанието на Нептун на небото ќе се намалува, ќе почнеме да се прашуваме како нашите илузии го заматуваат нашето расудување. Ова ќе биде идеален момент да размислиме за нашите соништа за иднината и да се оддалечиме од мечтаењето.

Еве на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретроградниот Нептун:

Близнаци

Имате големи соништа за иднината, но нема потреба од брзање бидејќи овој период е идеален за размислување. Може да добиете предупредувања кога станува збор за вашите цели во кариерата, при што ѕвездите ќе ве поттикнат да се фокусирате на правилниот начин на планирање и извршување на активностите. Бидете практчни во решавањето на проблемите. Дури и ако резултатите нема да дојдат за кратко време, бидете упорни.

Рак

Ова е период кој може да ви каже многу за вашиот раст и развој. Многу сте издржале, а за тоа говорат вашите успеси. Нептун ве поттикнува да се поврзете повеќе со луѓето преку вашите искуства. Потребна ви е љубовта и поддршката од другите за да преминете на следното ниво. Новите промени ќе ви донесат среќа.

Девица

Ако луѓето ве лажеле во минатото, сега е моментот да дознаете. Вистинската слика за партнерот ќе ја откриете доколку во овој период се фокусирате на потрагата по вистината. Во наредните месеци ќе се трудите повеќе да се цените себеси и да донесувате подобри одлуки во пријателските и романтичните врски. За оние кои се во сериозна врска – работите можат само да се подобрат, а врската ќе се зајакне.

Скорпија

Оваа сезона го доживеавте сиот ваш потенцијал и моќ. Во овој период се развивате и трансформирате, а Нептун и Сатурн ќе ви донесат можност да воспоставите посилни романтични врски. Ќе бидете во хармонија со сето она што ви носи просперитет. Овој период е поволен за анализа и размислување, но не и за донесување важни одлуки. Бестрашни сте и храбри, а креативноста и слободата ќе ви помогнат да ги постигнете посакуваните резултати.

Откако прочитавте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретрограден Нептун, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ќе имаат најмногу успех на професионален план во 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар