Видови токсични колеги од кои треба да се држите понастрана

Видови токсични колеги од кои треба да се држите понастрана

Понекогаш не е вашето работно место она што ве тера да го мразите одењето во канцеларија. Понекогаш едноставно не можете да се вклопите во работното опкружување, а со колегите со кои го минувате целиот ден не се сложувате најдобро. Опкружувањето кое не ви годи може да ви создаде дополнителен стрес и да влијае на вашата продуктивност. Па, добро би било да знаете кои се видовите токсични колеги од кои е најдобро да се држите понастрана.

Видови токсични колеги од кои треба да се држите понастрана

1. Колегата кој премногу зборува

Иако можеби ова е најинтересната личност на работа која шири позитивна енергија, може да биде навистина тешко да се фокусирате на работата кога некој постојано има што да каже. Во ситуациите кога имате премногу работа, најдобро би било да „одморите“ од оваа личност.

2. Колегата кој знае сè

Ова е личноста која мисли дека е создадена за секоја работа и дека сè знае најдобро. Одвреме-навреме, овие луѓе треба да се посетат за важноста на тимската работа и за фактот дека секој е на својата позиција со причина. Во овој случај станува збор за навистина амбициозни личности кои нема да се однесуваат професионално доколку се најдете на нивниот пат.

3. Колегата склон кон озборување

Во секоја канцеларија постои барем една личност која се сити од трачеви. Овие личности знаат сè за сите и навистина сакаат да ги озборуваат другите колеги. Ова однесување, се разбира, воопшто не е професионално.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека не можете да им верувате на вашите колеги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар