3 докази дека не можете да им верувате на вашите колеги од работа

Речиси сите луѓе поголемиот дел од денот го поминуваат на своето работно место, помеѓу своите колеги. Имајќи предвид дека здравиот работен однос бара и здрава работна атмосфера, најголем фактор во ова играат токму колегите. Така, тие може во голема мера да влијаат на вашето расположение, но и на вашите резултати од работата. Бидејќи тешко е да се работи со луѓе кои имаат задни намери, треба да се научите истите да ги препознаете, а во тоа може да ви помогнат овие докази.

3 докази дека не можете да им верувате на вашите колеги од работа

1. Ги презема сите заслуги како свои, а кои се резултат на тимска работа

Речиси секој во својата работна околина, помеѓу своите колеги, барем еднаш има сретнато личност која без никаков проблем ги презема сите заслуги за нешто што било резултат од тимска работа, или пак за нешто во што таа личност воопшто и не учествувала. Според психолозите, кога некој колега ќе ги преземе вашите идеи како свои, тогаш тоа е знак дека нешто не чини.

2. Не е тимски играч

Здравата конкуренција треба да постои кај секој работник и нема ништо лошо во тоа да сакате да бидете најдобри во својата работа. Меѓутоа, во сето ова од особена важност е да останете тимски играч, а доколку вашиот колега секогаш го игнорира тимот и работи исклучиво за себе, тоа во еден момент ќе стане проблем. Со личноста која е фокусирана само на себе и на својата лична корист, тешко е да воспоставите колегијален однос кој ќе биде полн со доверба, а ако помеѓу вас не постои доверба, тогаш работната атмосфера станува непријатна.

3. Често лаже

Лагите ги нарушуваат односите и создаваат сомнежи помеѓу колегите. Некому искреноста на работното место му е многу важна, додека пак други не ѝ придаваат многу значење, па честопати лажат.

3 докази дека не можете да им верувате на вашите колеги од работа

Треба да сфатите дека кој работи, тој и греши. Секој човек во својата работа се соочува со предизвици и прави грешки. Понекогаш не можете да ги забележите самите, па ви ги посочуваат вашите колеги. Секако, на тоа треба да бидете благодарни, затоа што на тој начин станувате подобри. Некои луѓе тешко ги прифаќаат грешките, а со ваквите личности тешко е да се работи.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар