Кои се и какви се најсреќните врски?

Среќната љубовна врска вклучува меѓусебно почитување, разбирање, поддршка и подготвеност за компромис. Едно ново истражување покажало дека постои уште еден показател дека сте во среќна врска.

Кои се и какви се најсреќните врски?

Луѓето во сериозни љубовни врски се навикнати да делат сè, односно речиси сè. Додека повеќето парови немаат проблеми со делењето на храната, тоалетот и сметките, многу луѓе се воздржани кога станува збор за споделувањето на нивните најинтимни мисли.

Истражувањето дошло до заклучок дека можноста да разговарате со партнерот целосно искрено, и тоа буквално за сè, кажува многу за квалитетот на врската.

Во истражувањето учествувале парови кои во просек биле заедно две и пол години. Испитаниците требало да одговараат на прашања за тоа колку им е добра комуникацијата со партнерот, колку се задоволни од сексуалниот живот, колку разговараат за секс, за што разговараат со партнерот и дали се подготвени да разговараат и за непријатни теми.

Се покажало дека паровите кои си ги откриваат и најинтимните мисли се во најсреќни врски, најзадоволни од сексуалниот живот и сметаат дека имаат силна поврзаност со партнерот.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во среќна и здрава врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар