Солариумот може да поттикне генетска мутација која води до меланом

Веројатно веќе имате слушнато дека солариумите се поврзани со смртоносниот рак на кожата. Научниците од медицинскиот факултет Калгари ги разгледувале податоците на 114 пациенти со меланом кои употребувале солариум, како и за 222 пациенти кои не го употребувале.

Солариумот поттикнува генетска мутација која води до меланом

Откако ги зеле предвид и другите фактори кои влијаат на ризикот од појава на меланом, како типот на кожата, бојата на косата и очите и изложеноста на сонце, научниците заклучиле дека меланомот се појавува 10-тина години порано кај пациентите кои користеле солариум.

Генетските мутации поврзани со меланомот се исто така чести помеѓу корисниците на солариум и се случуваат кај 43% од пациентите во оваа група, за разлика од 28% од случаите кај луѓето кои не користат солариум.

Според главниот автор на истражувањето, доктор Тони Бурбиџ, не постоело безбедно количество на зрачење од солариум.

„Многу наши пациенти кажуваат дека користат солариум со цел да создадат подлога со која ќе го спречат горењето на сонце. За жал, со ова тие го зголемиле оштетувањето од УВ зраците, што резултирало со порана дијагноза на меланом за разлика од пациентите кои никогаш не користеле солариум“, изјавил Тони.

Клетките на кожата ја впиваат ултравиолетовата светлина од солариумот, а со тоа настанува оштетување на нивната ДНК. Ова оштетување може да предизвика мутации кои со текот на времето се акумулираат и можат да водат до развој на карцином.

Користењето на солариум во младоста на подолг период може да го зголеми оштетувањето на вашата ДНК.

Погледнете и кои се работите кои никако не смеете да ѝ ги правите на вашата кожа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар