Овие 5 работи никако не смеете да ѝ ги правите на својата кожа

Овие 5 работи никако не смеете да ѝ ги правите на својата кожа

Многу работи во нашиот секојдневен живот значително влијаат врз изгледот на нашата кожа, а за тоа не сме ни свесни. Ако сакате да избегнете вашата кожа да изгледа изморено и постаро, немојте да ги првите овие грешки.

Овие 5 работи никако не смеете да ѝ ги правите на својата кожа

1. Го прескокнувате вежбањето

Вежбањето ја подобрува циркулацијата, како и тонусот и силата на вашите мускули, па кожата што ги покрива изгледа уште подобро и сјае! Вежбањето, исто така го намалува стресот кој пак предизвикува акни, егземи и губење коса. Пронајдете активност која ви одговара, на пример трчање, возење велосипед или нешто друго. Вашата кожа ќе изгледа одлично.

2. Спиете со лицето „нурнато“ во перницата

Спиењето на овој начин навистина ја остарува кожата побрзо. Притисокот што го трпи вашата кожа додека спиете во оваа положба може да предизвика брчки и губење на волуменот на страната на која сте спиеле. Замислете ова да го практикувате со денови, месеци, години… Спиењето на грб е идеална положба!

3. Не ја бришете шминката пред спиење

Во текот на денот вашата шминка собира прашина и бактерии од средината во која се наоѓате, особено ако живеете во голем град. Чистењето на лицето со благо средство за чистење ќе ги отстрани бактериите што се насобрани на вашето лице. Прескокнувањето на чистењето ќе им овозможи на бактериите да се размножат, а како резултат на лицето се појавуваат акни. Спиењето со маскара може да ги исуши вашите трепки и да ги направи тенки и ретки. А тоа сигурно не го сакате, бидејќи секоја жена изгледа помладо со долги и густи трепки.

4. Одите во солариум

Никако! Никогаш! Прво заради опасност од рак на кожата. Едно истражување покажало дека одењето во солариум пред триесеттата година го зголемува ризикот од меланом за 75%. Друга причина е изгледот на вашата кожа. Солариумот ќе го забрза појавувањето на брчки и темни дамки на кожата, тврдат од Светската здравствена организација.

5. Излегувате на сонце без да нанесете крема со заштитен фактор

Заштитен крем со фактор 30 ќе го намали стареењето, бидејќи 90% од оштетувањата на кожата потекнуваат од сончевите зраци. Превенцијата е секогаш подобра од лечењето, зар не?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар