Вежба за елиминирање на стресот и опуштање

„За намалување на стресот се доволни десетина минути во кои нема да правите ништо. Но, исто така може да отидете на кафе со пријателката, или на бокс за да ја исфрлите негативната енергија“, вели психологот Љубица Уводиќ Враниќ.

Вежба за елиминирање на стресот и опуштање

Стресот е состојба во која организмот реагира на надворешните и внатрешни надразнувања, и притоа ја пренасочува енергијата кон соочување со опасни ситуации. Иако краткотрајниот стрес е неизбежен во секојдневниот живот, долготрајниот го зголемува ризикот од депресија, агресија, дијабетес итн.

Според психологот Уводиќ Враниќ, додека сме под стрес, сите нови потенцијално непријатни ситуации може да се претворат во дополнителна вознемиреност. Притоа, често не е потребно да се случи нешто лошо. Затоа е многу важно да мислиме на превенцијата и да најдеме начин секој ден да се опуштиме.

Начинот на кој се работи на стресот зависи од типот на личноста. На некои им одговара да ја исфрлат негативната енергија на фудбал, бокс или кошарка, додека на некои повеќе им одговараат медитации, односно јога, читање книги и слично.

Понекогаш сме во ситуација да имаме премногу обврски и немаме време или волја за такви активности. Сепак доволно е да се издвои време колку што можеме да уживаме во омиленото хоби или едноставно, да не правиме ништо.

Во тоа време не треба да се јавувате на телефон, да слушате вести или да бидете достапни за најблиските. Тоа може да биде прошетка или слушање музика.

Психологот Уводиќ Враниќ препорачува едноставни техники кои може да ви помогнат. Една од нив е визуализацијата. Вежбата започнете ја седејќи, најдобро додека сте сами во просторијата.

  • Затворете ги очите и вдишете броејќи во себе: 1, 2, 3, 4, така што на 1, 2 задржете го здивот. Издишете броејќи 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8.
  • Повторете го вдишувањето и издишувањето со броењето 16 пати. Рацете може да ги ставите на стомакот, да чувствувате како мрда. Секое издишување треба да трае двапати подолго од вдишувањето.
  • Замислете ситуација за која сте загрижени и за која мора да се подготвите.
  • Обидете се да останете мирни и бидете сигурни во себе.
  • Визуализацијата може да ја повторите повеќе пати, а потоа сите реални случувања веќе нема да ви бидат извор на стрес.
  • Вежбата може да ја правите секојпат кога пред вас стои некоја нова ситуација за која сте загрижени. Така ќе ги намалите и тремата и стравот од непознатото.

Ситни работи кои ќе ви ја ублажат напнатоста и ќе ви внесат радост во животот

  • Разговор и кафе со пријателите, по можност проследено со многу смеа.
  • Повеќе сон, односно подобра организација на денот, како би заспале порано.
  • Десетина минути на ден одвоени за опуштање (на пример, за молитва или медитација).
  • Слушање музика или танцување.
  • Гледање смешни филмови или програма за животни, готвење (она што го сакате).
  • Прошетка во природа или низ градот, но без брзање.
  • Читање интересни книги.
  • Пишување дневник или писмо на некого, во кое објаснувате како се чувствувате (не мора да го праќате).
  • Сликање или цртање.
  • Барајте можност да запознаете нови луѓе, тоа ќе ви донесе нови искуства.
  • Бидете отворени кон луѓето.
  • Изразувајте ги чувствата, разговарајте за нив со партнерот или најблиските.
  • Бидете околу позитивни луѓе, односно избегнувајте ги оние кои постојано се жалат за нешто или се постојано лути.
  • Потрудете се да се храните здраво и стекнете здрави навики.
  • Секој ден набројте 5 убави работи кои ви се случиле тој ден.

Доколку не знаете дали добро или лошо се справувате со стресот, решете го овој брз психолошки тест и дознајте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар